Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лашкоска: Вложуваме во комуналната инфраструктура во Прилеп

Лашкоска: Вложуваме во комуналната инфраструктура во Прилеп

Прилеп (04.01.2025г.) Заменик министерката за животна средина и просторно планирње Ане Лашкоска заедно до градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески направија увид на завршениот проект  зацевување на постоечкиот атмосферски канал на ул. Александар Македонски во Прилеп.

 

Каналот е со должина од 117,51m,  со вибропресована армирано-бетонска цефка со дијаметар 1000mm, со поставени 9 ревизорски шахти и испуст во Прилепска река.

 

Зафатот е реализиран во рамки на проектот ,,Подобрување на комунална инфраструктура за атмосферски води во општина Прилеп“. Финансиските средства во висина од  5,5 милиони денари се обезбедени од Програмата инвестиции на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мени за пристапност