Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лашкоска: Очекуваме зајакната соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации во намалување на ризиците од катастрофи

Лашкоска: Очекуваме зајакната соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации во намалување на ризиците од катастрофи
Билатерална средба со специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на ОН

 

Будва, 7.11.2024г.  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вчера, на маргините на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, што се одржува од 6 до 8 ноември во Будва во Црна Гора, оствари билатерална средба со Камал Кишоре, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на Обединетите Нации. 

 

На средбата се разговараше за отпочнување на реформата на системот за справување со катастрофи како еден од приоритетите на Владата и поддршката што може да ја добиеме во остварување на овој процес. Во идниот период се очекува зајакнување на соработката во оваа област со Програмата за развој на Обединетите Нации.

Мени за пристапност