Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лашкоска: Над 38 милиони денари инвестиции, Владата и МЖСПП вложуваат во посигурно водоснабдување во Прилеп и околните населени места

Лашкоска: Над 38 милиони денари инвестиции, Владата и МЖСПП вложуваат во посигурно водоснабдување во Прилеп и околните населени места

Прилеп, 20 јуни 2026 година - Со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, во Општина Прилеп во моментов се реализираат повеќе проекти насочени кон модернизација и унапредување на водоводната инфраструктура, со цел обезбедување поквалитетно и посигурно водоснабдување за граѓаните и стопанските субјекти.

Во населеното место Лениште во тек е реализација на проект за изградба на водоснабдителен систем во вредност од 21.219.813 денари, со што ќе се обезбедат подобри услови за снабдување со вода и ќе се подобри квалитетот на живот на локалното население.

Паралелно се реализира и проект за реконструкција на главниот потисен цевковод за водоснабдување на индустриската зона и манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ во село Селце, во вредност од 9.779.604 денари. Со оваа инвестиција се зголемува сигурноста на водоснабдителниот систем и се создаваат подобри предуслови за развој на локалната економија и туризмот.

Во завршна фаза е и проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од 7.133.381 денари. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот, се подобрува квалитетот на услугите и се обезбедува поефикасно управување со водните ресурси.

„Инвестициите во водната инфраструктура се инвестиции во здравјето, квалитетот на живот и идниот развој на локалните заедници. Нашата цел е граѓаните да имаат сигурно и квалитетно водоснабдување, а општините современи и ефикасни комунални системи кои ќе одговорат на потребите на денешните и идните генерации“, истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска.

Министерството за животна средина и просторно планирање и понатаму останува посветен партнер на општините во реализацијата на инфраструктурни проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за одржлив локален развој и подобра животна средина.

Мени за пристапност