Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лашкоска на средба со директорот на ЈУНП Пелистер

Лашкоска на средба со директорот на ЈУНП Пелистер

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски остварија работна средба со директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски, на која присуствуваа и дел од вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЈУНП Пелистер.

 

На средбата се разговараше за активностите кои се проведуваат со цел справување со предизвиците и и начините на управување со најстариот Национален парк во државата. 

 

Лашкоска истакна дека МЖСПП е секогаш отворено за соработка во полето на заштита на природните вредности на сите природни подрачја, вклучувајќи го и Пелистер, како еден од најзначајните паркови на Балканот. Соговорниците воедно се согласија и дека од голема важност е зачувувањето на неговата биолошката разновидност, одржливото управување и развојот на одржлив туризам во НП Пелистер.

Мени за пристапност