Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба реализирана во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис

Изложба реализирана во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис

  Денес, како и во наредните две недели, во фоајето на Министерството за животна средина и просторно планирање е отворена  патувачката изложба на фотографии од најпретставителните единки на балканскиот рис, регистрирани со фото-замки во Северна Македонија, Албанија и Косово – трите држави во кои сè уште опстојува ова критично загрозено диво животно.

Изложбата се реализира во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, како дел од МЕД програмата.

Во таа насока, нашата држава презема сериозни и конкретни чекори за заштита на балканскиот рис преку изработка на Регионална стратегија за негова заштита, која веќе е доставена до Конвенцијата за миграторни видови (CMS). Паралелно со тоа, се зајакнуваат и националните капацитети, особено во рамки на националните паркови. Неодамнешната регистрација на младенче рис во Националниот парк Шар Планина, забележано со помош на фото-замки, претставува позитивен индикатор за подобрување и обезбедување поволна состојба на зачуваност на видот.

Преку вакви настани, со кои се гради јавната свест за значењето на дивите животни, Министерството за животна средина и просторно планирање вложува напори за градење одржлива иднина, во која природата и човекот коегзистираат во хармонија. Со особено задоволство ги претставуваме фотографиите од балканскиот рис – вид кој претставува наше национално природно богатство. Изложбата е дел од пошироките напори за зачувување на екосистемите и заштита на биодиверзитетот низ целата држава.

Повеќе информации за балканскиот рис на следниот линк:

https://redlist.moepp.gov.mk/balkanski-ris/

Мени за пристапност