Денешниот ден од втората Министерска конференција за Зелена Агенда за Западен Балкан беше посветена на донаторска сесија на која од страна на заменик министерката Лашкоска беа презентирани потребите за зелено финансирање во нашата држава.
Со завршувањето на денешните значајни дискусии, мора да го истакнеме клучниот столб за успехот на Зелената агенда: обезбедување соодветно, предвидливо и достапно финансирање за зелената транзиција — како на национално, така и на регионално ниво - порача Лашкоска.