Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

6.74 милиони долари – за нашата почва, за природата, за нашата иднина!

6.74 милиони долари – за нашата почва, за природата, за нашата иднина!

Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП воспоставија нов договор за соработка.

 

Овој нов партнерски ангажман има за цел конкретни резултати: да се запре уништувањето на шумите, да се обноват оштетените почви, да се заштити биолошката разновидност и да се зголеми отпорноста на климатските промени.

 

Сето ова ќе биде финансиски поддржано преку осмата фаза на проектите на Глобалниот еколошки фонд (GEF), со вкупен буџет од 6.74 милиони американски долари: 1 милион $ за климатски промени, 3 милиони $ за биодиверзитет и 2.74 милиони $ за деградација на земјиштето.

 

УНДП останува доверлив и стратешки партнер, секогаш и секаде каде што справувањето со еколошките предизвици бара конкретна акција. Со овој договор преминуваме од ветувања во мерлива работа, од планови во резултати.

 

Зашто времето за делување не е утре. Тоа е денес. А во соочувањето со еколошки кризи што не познаваат граници, нашите национални активности се дел од заедничка одговорност.

 

Ние одбравме да бидеме дел од решението!

Мени за пристапност