Институција која огласува: Министерство за животна средина и просторно планирање
Рок на пријавување: 27/03/2026
Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на член 3 од Упатството за поблиски услови за ограничување на увозот на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2026 година број 11-1390/1 од 02.03.2026 година, а во врска со член 2 од Наредбата за ограничување на увозот на флуорирани јаглеводороди (HFC) (“Сл. весник на РСМ” бр 13/24) објавува
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КВОТИ ЗА УВОЗ НА ФЛУОРИРАНИ ЈАГЛЕВОДОРОДИ (HFC) ВО 2026 ГОДИНА
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Конкурс за доделување на квоти за увоз на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2026 година. Вкупната максимална дозволена количина (квота) за увоз на HFC за 2026 година е 357,938 tCO2eq.
I. КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АПЛИКАНТИ
На конкурсот можат да се јават правни лица кои се делат во две категории:
- Постојни увозници: увозници кои имаат континуиран увоз на HFC во периодот 2021-2023 година.
- Нови увозници: увозници кои немаат континуиран увоз во периодот 2021-2023, но ги исполнуваат општите услови и имаат искуство во прометот и сервисирањето.
II. УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
За да добијат квота, увозниците мора да ги исполнуваат следните услови:
- Да имаат седиште во Република Северна Македонија.
- Да се регистрирани во Централниот регистар на РСМ.
- Да поседуваат Решение-одобрение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии издадено од Министерството за здравство.
- Да учествуваат континуирано во прометот (увоз и/или извоз) на овие супстанции/смеси во период не пократок од шест години пред денот на поднесување на барањето.
- Да учествуваат во увозот на супстанциите контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или смесите кои содржат супстанции контролирани од Монтреалскиот протокол
- Алтернативно за сопствени потреби: континуирано да вршат дејност во секторот на сервисирање (минимум 5 години) и редовно да доставувале извештаи согласно член 22-б од Законот за животна средина.
III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Барањето треба да ги содржи следните информации и документи:
- Назив и седиште на барателот (адреса, телефон, e-mail).
- Лице за контакт и цел на увозот (сопствени потреби и/или продажба).
- Извод од тековна состојба од Централен регистар.
- Решение-одобрение за промет на големо со хемикалии издадено од Министерството за здравство.
- Извештај за увезени количини на HFC во периодот 2021-2025 година.
- Извештаи за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувале согласно член 22-б став (11) од Законот за животна средина во период не пократок од пет години пред денот на поднесување на апликацијата.
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА
- На постојните увозници им се распределуваат 87% (311.406,06 tCO2eq) од вкупната квота, пропорционално на нивната референтна вредност.
- На новите увозници им се распределуваат 13% од вкупната квота, при што Количината на флуорирани јаглеводороди (HFC) која се доделува на нов увозник не надминува 25% од количината планирана за новите увозници.
V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОКОВИ
Горенаведената документација во хартиена форма се доставува до архивата на Министерството на адреса: Плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 1000 Скопје.
Рокот за поднесување е 15 работни денови од денот на објавувањето на конкурсот, секој работен ден до 16:30 часот.
VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Изборот на правните лица на кои ќе им биде доделена одредена количина за увоз на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2026 година ќе се врши врз основа на одредбите од Упатството за поблиски услови за ограничување на увозот на флуорирани јаглеводороди (HFC) ВО 2026 година број 11-1390/1 од 02.03,2026 година.
Ќе биде разгледувана само комплетна документација, доставена во утврдениот рок.
За дополнителни информации контактирајте на:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 1000 Скопје
Мобил.: 076 446 953