Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ-8 /2026 за вработување на (1) eден извршител на определено време за период до 31.12.2026 година

Институција која огласува: Министерството за животна средина и просторно планирање

Рок на пријавување: 24/07/2026

Врз основа на член 20-г став 1, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8,  став 13,  и став 14 од  Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен Весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18) и (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20,208/2024 и 210/24   ), член 14 став 2, член 22 став 1 алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26, член 27 од Законот за работни односи („Службен Весник на РМ“ брoj.167/2015, 27/16, 134/2016, 120/18 и  „Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19,  267/20, 151/21, 111/23, 39/25 и 74/25) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање број 01-2372/1 од 03.05.2017 година... и 01-1878/3 од 22.05.2026 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ-8 /2026 за вработување на (1)  eден извршител на определено време за период до 31.12.2026 година во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен оглас за вработување/засновање на работен однос за еден (1) извршител на определено време за период до 31.12.2026 за следното работно место:

1. Раководител на одделение за управување и одржување на Хидросистем Ѓавато – Дојранско Езеро и за управување со  сливното подрачје на реката Струмица, Одделение за управување и одржување на хидросистемот Ѓавато – Дојранско Езеро и за управување со  сливното подрачје на реката Струмица, Сектор за води, - 1 (еден) извршител;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија

-          активно да го користи македонскиот јазик

-          да е полнолентен

-          да има општа здравствена способност за работното место

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите покрај општите услови предвидени во Закон, потребно е да ги исполнат и:

За работното место од точката 1 потребни квалификации:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Инжинерство и технологија – Електротехника, електроника и информациско инжинерство, Машинство
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
  • дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • нето плата  44.957,00 денари

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за аплицирање. Кандидатите со пријавата за учество треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар Во пријавата задолжително да се запише и да се наведе работното место за кое се аплицира. Потребната документација да се достави до Архивата на министерството или по пошта на следнава адреса: “бул.Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Одделение за управување со човечки ресурси  (со назнака „за оглас бр.8/2026“)”.

Рокот за доставување на потребната документација е три дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат.

Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот избор.

Мени за пристапност