Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 5 /2026 за вработување на (2) два извршители на определено време за период до 31.12.2026 година во Министерството за животна средина и просторно планирање

Институција која огласува: Министерството за животна средина и просторно планира

Рок на пријавување: 06/03/2026

Врз основа на член 20-г став 1, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8,  став 13,  и став 14 од  Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен Весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18) и (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/2024)  ), член 14 став 2, член 22 став 1 алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26, член 27 од Законот за работни односи („Службен Весник на РМ“ брoj.167/2015, 27/16, 134/2016, 120/18 и  „Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19,  267/20, 151/21, 111/2023, 39/25 и 74/25) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање број 01-2372/1 од 03.05.2017 година... и 01-2889/3 од 22.07.2025 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува: 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 5 /2026 за вработување на (2)  два извршители на определено време за период до 31.12.2026година во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен оглас за вработување/засновање на работен однос за два (2) извршители на определено време за период до 31.12.2026 за следните работни места:


1.    Помлад референт за административни работи, Одделение за управување со  сливното подрачје на реката Црн Дрим, Сектор за води –  1 (еден) извршител;

2.    Референт за архивирање ( водна книга), Одделение за водни права, Сектор за води, - 1 (еден) извршител;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
-    да е државјанин на Република  Северна  Македонија
-    активно да го користи македонскиот јазик
-    да е полнолентен
-    да има општа здравствена способност за работното место
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.


Кандидатите покрај општите услови предвидени во Закон, потребно е да ги исполнат и:


За работното место од точката 1 потребни квалификации:

•     ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО -  Вишо / средно образование
•    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
•    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
•     со или без работно искуство во струката
•    дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
•    нето плата  27.011,00 денари


За работното место од точката 2 потребни квалификации:

•    ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО – вишо / средно образование  
•    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
•    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
•    најмалку една година работно искуство во струката
•    дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
•    нето плата  27.246,00 денари

 

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за аплицирање. Кандидатите со пријавата за учество треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар Во пријавата задолжително да се запише и да се наведе работното место за кое се аплицира. Потребната документација да се достави до Архивата на министерството или по пошта на следнава адреса: “бул.Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Одделение за управување со човечки ресурси  (со назнака „за оглас бр.5/2026“)”.

Рокот за доставување на потребната документација е три дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. 

Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување.


По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот избор.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Мени за пристапност