Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Управа за животна средина

За вршење на стручните работи од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање е формирана Управата за животна средина.

Управата за животна средина ги врши стручните работи и стручен надзор над заштитените делови и објекти на природата, над изворите за загадување на земјиштето, водите и воздухот, предлага стручно техничко-технолошки решенија за намалување или спречување на загадувањето и деградацијата на животната седина и природата, изготвува стручна документација од доменот на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, врши мерење и следење на состојбите и промените во животната средина и природата.

 

Игор Никоски

Директор на Управа за животна средина
Телефон: +389 70 236 461
Е-пошта: i.nikoski@moepp.gov.mk
 

Игор Никоски e роден 25.02.1978 год. во Скопје. Средно училиште завршува во Браќа Миладиновци. Оженет, татко на 2 деца

Образование
  • Високо
Обуки и усовршување
  • Семинари за управување со отпад
Членство во стручно-научни здруженија
  • Комисија за земјоделство
  • Комисија за животна средина
Информатички технологии
  • Има општо познавање од информатички технологии
Мајчин јазик
  • Македонски
Останати јазици
  • Англиски
  • Германски
Работно искуство
  • 18 години раководител во службата за инспекциски работи при Општина Кисела Вода
Главна цел на Управата е да воспостави ефикасен и интегриран систем на заштита на животната средина во Република Македонија, систем кој ќе го подобри квалитетот на животната средина и ќе придонесе кон заложбите на Владата за постигнување одржлив развој.

Мени за пристапност