Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за природа

Спроведува заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштита на природните реткости

Според постоечката систематизација на МЖСПП е составен од Одделението за заштита на природното наследство и Натура 2000, Одделение за биодиверзитет и генетски модифицирани организми и Одделение за уредување на просторот во заштитени подрачја и геодиверзитет

Секторот природа спроведува активности за заштита на природата преку:

  • валоризација на природните вредности и ревалоризација на заштитени подрачја,
  • прогласување на заштитени подрачја и природни реткости,
  • мониторинг на состојбата со природата, односно мониторинг на живеалишта и видови од национално и Европско значење и мониторинг на објекти на геодиверзитетот
  • идентификација на потенцијални подрачја на национално ниво за идната Европската еколошка мрежа Натура 2000
  • изработка на Црвени листи за одделни таксономнски групи растенија, животни и габи
  • воспоставување и развој на концептот за екосистемски услуги
  • развој на концептот за решенија засновани на природата
  • врши стручен надзор на спроведувањето на планови за управување со заштитените подрачја,

Во рамки на управна постапка Сектор природа ги спроведува следните активности:

  • врши ажурирање на националната легислатива за заштита на природата (Закон за заштита на природа и подзакконски акти)
  • издава согласност на планови за управување со заштитени подрачја и на годишни програми за заштита на природата на заштитените подрачја
  • издава дозволи за научно истражување во природата
  • издава дозволи за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни
  • издава ЦИТЕС дозволи за регулирање на меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови, нивни делови и деривати.
  • изготвува стручни мислења во постапка на донесување на планска документација за уредување на просторот во заштитени подрачја
  • издава мислења  за податоци и инфорамции за проекти и активности во природата
  • изготвува мислења за Владини седници по однос на закони, подзаконски акти и информации од други  државни институции

 

Влатко Трпевски

Раководител на сектор за природа
Телефон: +389 76 404 395
Е-пошта: v.trpeski@moepp.gov.mk
 
 
Опис на работната позиција

Известува за работните обврски пред Директорот на Управата за животна средина, Министер за животна средина и просторно планирње и Владата

  • Раководи со секторот и ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши  непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на Одделенијето за заштита на природното наследство и НАТУРА 2000, Одделението за биодиверзитет и ГМО и Одделението за заштита и управување со заштитени подрачја и гео-диверзитет, како  и  на стручните државни службеници;
  • Им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.
  • Соработува со државни органи (министерства, локални самоуправи, агенции, јавни претпријатиија и др.) субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции и невладините организации за прашања поврзани со заштита на природа.
  • Соработува со меѓународни организации за заштита на природата. Соработува со меѓународни организации и агенции  (UNEP, SDC, IUCN, WWF,  и др.).
Образование
  • Универзитет "Св. Кирил и Методиј" – Скопје, Интердисциплинарни студии по инженерство на животната средина, VII/1 - Дипломиран Инженер по Заштита на Животна Средина
  • Втор циклус студии: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Факултет за природни и технички науки Инженерство на животна средина, Магистер на технички науки - Инженерство на животна средина
  • Трет Циклус – кандидат за Доктор на науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за природни и технички науки
Обуки и усовршување
  • Сертификат за тренер за Натура 2000
  • Учество на тренинг обуки за различни прашања за Натура 2000 во рамки на ЕУ проектите: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017) и тековен ЕУ проект за зајакнување на капацитетите за Натура 2000 и ЦИТЕС (2022-2024)
  • Поминати тренинг обуки за екосистемски услуги во рамки на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза
  • Министерство за животна средина, храна и регионални работи, (DEFRA) Велика Британија ЕУ - обука за Англиско искуство во управување со отпадни води и управување со животна средина 2013, Лондон, Бристол, Брајтон
  • Министерство за животна средина и просторно планирање Сертификат за завршена обука за проценувач на добрата и влијанијата врз животната средина 2012, Скопје
  • EU/ReSPA - ЕУ Регионална школа за јавна администрација – Црна Гора Сертификат за завршена обука - Директно финансирање од Европската комисија за Јавната администрација во Балканот 2012, Даниловград
  • University Institute of European Studies (IUEE), Шпанија, Сертификат за завршен тренинг курс за политика на Европската Унија во делот на животна средина 2010 Мадрид
  • International Training Consortium – CFI, Италија Сертификат за завршен Специјалистички тренинг курс за технички области и менаџерски кадар – област животна средина и климатски промени, Италија 2009, Рим
  • Balkan Environmental Association, Greece, Сертификат за завршен тренинг курс за едукација на еколошки професионалнци -”Одржлив развој во рамките на процесот на хармонизација на ЕУ легислатива”, Скопје 2006, Скопје
  • Влада на Р. Македонија Креирање на политики и стратешко планирање, Стручно доусовршување на државните службеници Јуни 2008, Скопје, Влада на Р. Македонија, Секретаријат за Европски прашања Раководење со проектен циклус, Правила и искуствата за Управив
  • Lumana Dimora Onlus - Italy, Regional environmental center – Hungary Сертификат "Techical skills traning for electronic networks of South Eastern Europe`s Environmnetal NGOs 2004, Рим
Членство во стручно-научни здруженија
  • EU LIFE - National focal point
  • National Focal point for IUCN
  • IUCN expert on the World Commission on Protected Areas
  • National focal point for CBD and CITES
  • Member of the National Commission of UNESCO
Информатички технологии
  • Има посетувано додатни обуки од информатички технологии

Останати јазици

  • Англиски
Работно искуство
  • 2013 - во тек МЖСПП - Раководител на Сектор за природа
  • 2005 - 2013 МЖСПП - Советинк за Сектор за ЕУ ИПА 2013-2005
  • 2000 - 2005 Проактива / ЕКО.НЕТ – Координатор на проекти 2000-2005
Реализирани проекти и активности
  • Следи процес за приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ од областа на заштитата на природата
  • Го следи ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000
  • Ги следи и учествува на состаноци на УН Конвенции од областа на заштита на природата (CBD, CITES, RAMSAR, и други)
  • Национална стратегија за биолошката разновидност со Акционен План (2018-2023)
  • Национална стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027)
  • VI Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (ЦБД)
  • Координaција на активностите за валоризација на природно наследство и ревалоризација на заштитените подрачја и природни реткости
  • Координација на активности за изработка на потребната документација за прогласување на заштитени подрачја и природни реткости
  • Следење на спроведување на планови за управување со заштитени подрачја
  • Извештај за состојбата на животната средина со индикаторски пристап
  • Ги следи активностите за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ интерест, со цел идентификација на идните потенцијални подрачја за Натура 2000 мрежата
  • Координација на активностите во ЕУ проектот: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
  • Тим лидер во ЕУ твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на заштитата на природата (2017-2019);
  • Стручна помош и координација на активностите при изработката на Првата Национална Црвена Листа за водоземци и влекачи во соработка со ИУЦН и национални експерти и утврдување на конзерваторскиот статус на 14 видови васкуларни растенија (2019).
  • Координација на активности на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза (2012-2023)
  • Координација на активности во ГЕФ/УНЕP проект: "Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето" (СТАР 5).
Публикации
  1. Trpeski, Vlatko and others (2013) Examination of heavy and toxic metals in the Kozjak lake and Treska river with protection measures. Geologica Macedonica, 27 (1). pp. 77-85. ISSN 0352-1206
  2. Трпески, Влатко (2019) и други, Европски искуства за искористување на милта – тињата од индустриски процеси и заштита на ЖС, XII Стручно советување со меѓународно учество ПОДЕКС - ПОВЕКС 2019
  3. Труд “Фиторемедијација со Рози, како составен дел на урбаното живеење во Скопје” автори: Д-р Соња Лепиткова, Влатко Трпески и други, International science conference reporting for sustainability 07th – 10th of May 2013 Bečići, Montenegro, 2013 година
  4. Објавена брошура “Климатски промени”, Проактива 2007 година
  5. Објавен “Прирачник за Енергетска ефискасност”, Проактива 2006 година
  6. Објавен труд “Прелиминарна проценка на здраствено-еколошки ризик од влијанието на издувните гасови од рафинерија ОКТА”, Републички завод за здравствена заштита, III конгрес за Превентивна медицина со меѓународно учество, 2006 година
  7. “Локален еколошки акционен план за о.Сопиште” - член на работен тим, Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија - ISBN 9989-110-27-1, Скопје 2004 година
  8. Објавен труд "Сончевата енергија како интегрален дел во општиот енергетски систем", автори: Влатко Трпески, и други. II конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Македонско еколошко Друштво, 2003 година
  9. Објавена брошура "Чиста енергија - сончева енергија" ISBN 9989-2115-1-5, - Проактива - Скопје, 2003 година

Сашко Јорданов

Помошник ракоодител на Сектор природа
Телефон: +389 70 253 583
 
  • Помага на раководителот на секторот во давање на потребната стручна помош на раководителите на одделенија во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите. 
  • Остварува редовни контакти со другите раководители во МЖСПП и разменува информации и искуства.
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, се грижи за спроведување и извршување на програмта за работа на секторот
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот, кои се појавуваат во секторот и го информира за тоа раководителот на секторот.
  • Распоредување на работите и задачите на раководителите на одделенија во секторот и давање на стручна помош при изготвување на мислења за одделни прашања од делокругот на работата
  • Изработува на програми за заштита на природата во согласност со Законот за заштита на природата 
  • Следи и ја спроведува националната легислатива за заштита на природата
  • Го следи  ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000.
  • Соработува со државни органи (министерства, локални самоуправи, агенции, јавни претпријатиија и др.) субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции и невладините организации за прашања поврзани со заштита на природа
  • Соработува со меѓународни организации за заштита на природата. Соработува со меѓународни организации и агенции  (UNEP, SDC, IUCN, WWF,  и др.)
Образование
  • Дипломиран биолог (VII/1 степен), биохемиско-физиолошка насока, Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје (1991)
  • Магистер по биолошки науки (VII/2 степен), еколошко-таксономска насока, Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје (1997)
Обуки и усовршување
  • Учество на обука за управување со проектен циклус во организацијана на Секретаријат за европски прашања (Институтот за обука Коцка, 2007).
  • Учество на тренинг-работилница во рамки на проектот: Комуникација за заштита на природата, организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Европскиот центар за заштита на природата (2008).
  • Учество на тренинг-семинари на тема: "Развој и зајакнување на заштитените подрачја во Балканскиот регион"
  • Учество на семинари во рамки на проектот ГЕФ/УНДП/МЖСПП: "Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија" (2007)
  • Сертификат за учество на национална работилница за Национална стратегија за одржлив развој, секторска група за шумарство (2007)
  • Учество на обука: "Македонските национални подготовки за членство во ЕУ од гледна точка на земја членка". (септември 2008)
  • Сертификат за тренер за Натура 2000 (2017)
  • Сертификат за учество на Работилница на ИУЦН за проценка на Црвени листи (2018)
  • Сертификат за учество на меѓународна конференција за предизвици и можности за мулрифункционално упраување со тревестите екосистеми (2019)
  • Учество на тренинг обуки за различни прашања за Натура 2000 во рамки на ЕУ проектите: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
  • Учество на тренинг обуки за екосистемски услуги во рамки на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза.
  • Учество во имплементација на меѓународни конвенции и иницијативи
Информатички технологии
  • Има општо познавање од информатички технологии
Работно искуство
  • 1999-2007 Советник за управување со посебно природно богатство, МЖСПП
  • 2007-2022 Раководител на Одделение за заштита на природното наследство и Натура 2000, Сектор природа, Управа за животна средина при МЖСПП
  • 2022- продолжува Помошник раководител на Сектор природа, Управа за животна средина при МЖСПП
Реализирани проекти и активности
  • Координација во изготвување на националното законодавство за заштита на природата (Закон за заштита на природата-2004/2005 и релевантни подзаконски акти)
  • Координација на активности во процесот на подготовка на стратегии, планови и програми за зачувување на природата/биолошката разновидност
  • Координaција на активностите за валоризација на природно наследство и ревалоризација на заштитените подрачја и природни реткости
  • Координација на активности за изработка на потребната документација за прогласување на заштитени подрачја и природни реткости.
  • Следење на спроведување на планови за управување со заштитени подрачја
  • Следење и учество во изготвување на националните индикатори за природа (заштитени подрачја, Натура 2000 и диви видови) за потребите за изработка на Извештај за состојбата на животната средина со индикаторски пристап
  • Го следи ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000
  • Го следи процесот за приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ од областа на заштитата на природата
  • Ги следи активностите за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ интерест, со цел идентификација на идните потенцијални подрачја за Натура 2000 мрежата
  • Координација на активности во проект: ГЕФ/УНДП/МЖСПП проектот: "Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитни подрачја во Република Македонија (2008-2011)
  • Координација на активностите во ЕУ проектот: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
  • Советник (РТА) во ЕУ твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на заштитата на природата (2017-2019
  • Активности при изработката на Првата Национална Црвена Листа за водоземци и влекачи во соработка со ИУЦН и национални експерти и утврдување на конзерваторскиот статус на 14 видови васкуларни растенија (2019).
  • Координација на активности на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза (2012-2023)
  • Координација на активности во тековниот ГЕФ/УНЕP проект: "Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето"
Публикации
  • "Влијание на аерозагаденоста врз анатомско-морфолошката структура и содржината на хлоропластните пигменти кај листови од Pinus nigra и Tilia argentea во Скопје како урбана средина", Магистерски труд, одбранет на Институтот за биологија
  • Јорданов С., Мулев М., Спасеноски М. (1996). "Варирање на хлорофилната компонента кај Pinus nigra и Tilia argentea во зависност од степенот на аерозагадувањето во Скопје"
  • Мулев М., Меловски Љ., Дерлиева Л. и Јорданов С. (1996)."Содржина на некои тешки метали во почвата и листовите на борот и липата во зависност од степенот на аерозагадувањето во Скопската Котлина"
  • Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ и Дерлиева Л. (1997). "Каротеноидите во иглици на Pinus nigra како биоиндикатори за степенот на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје"
  • Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ. и Дерлиева Л. (1997)."Содржина на олово во почвата и листовите на Pinus nigra и Tilia argentea во текот на вегетацискиот период во урбаниот дел на градот Скопје и околината", Годишен Зборник на Институтот за биологија
  • Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ. и Дерлиева Л. (1998). "Влијание на чадот врз содржината на хлоропластните пигменти во листови на Tilia argentea во Скопје како урбана средина"
  • Јорданов С. и Јорданова В. (2000)."Влијание на атмосферното загадување врз хлоропластните пигменти во листови од црн бор на подрачјето на град Скопје"
  • Анастасовски В. и Јорданов С. (2000). "Оправданост од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк"
  • Јорданов С. и Анастасовски В. (2001). “Локалитети во Република Македонија со ендемични, ретки и загрозени растенија”
  • Јорданов С., Гудески А. (2003). Густина, димензии и длабочина на стомите кај иглички на Pinus nigra во загадена и чиста животна средина. II Конгрес на еколозите на Македонија
  • Јорданов С., Гудески А., и Мулев М. (2003). Варирање на бројот, должината, ширината и длабочината на стомите кај листови на Tilia argentea од урбаниот дел на градот Скопје и неговата околина. Зборник на трудови од II Конгрес на еколозите на Македонија
  • Стојкоска Е., Јорданов С. (2003). Проблемите околу заштитата на диверзитетот на конзумните видови полжави и мониторинг на состојбата со собирањето, откупот и извозот на полжавите од Македонија. Зборник на трудови од II Конгрес на еколозите на Македонија
  • Јорданов С., Брајаноска Р. (2004). Заштита на екосистемите во Република Македонија и идни активности. Меѓународна експерстка работилница: "Начини за промовирање на екосистемски пристап при ЦБД", Вилм, Германија
  • Група автори и Јорданов С. (2004). Брошура "Откриј го Зеленото злато- Национален парк Галичица". Министерство за животна средина и просторно планирање, Скопје
  • Јакимовски М., Анастасовски В. и Јорданов. С (2007). Изработка на Стратегија за заштита на природата. III Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество

Студија за ревалоризација на Националниот парк „Маврово" 

Анекс на Студијата за ревалoризација на споменикот на природата - Долна Пчиња

Студија за ревалoризација на споменикот на природата-Катлановски Предел

Студија за валоризација на Белчишко Блато

Студија за валоризација на Охридското Eзеро Споменик на природата

Студија за валoризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина

Студија за валoризација на Шар Планина

Студија за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“ во категорија заштитен предел

Студија за валоризација на Студенчишко Блато

Ревидирна Студија за ревалоризација на прирoдните вредности на заштитеното подрачје споменик на природата Кањон Матка

-Студија за валоризација на заштитеното подрачје Парк-шума „Водно“

-Прирачник за следење за езерски видови и живеалишта на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

-Студија за ревалоризација на прирoдните вредности на заштитеното подрачје строг природен резерват "Тиквеш"

-Студија за валоризација на природните вредности во повеќенаменското подрачје „Јасен“

-Студија за валоризација на природните вредности на Планината Беласица

-Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово

-Физибилити студија за Езерани

-Валоризација на природните вредности на Шар Планина и проценка на нивната пазарна вредност

-Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Северна Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)

Марија Дирлевска Чалоска

Раководител на ОБГ
Телефон: +389 76 455 424
Е-пошта: m.caloska@moepp.gov.mk

 

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

  • изготвување предлози за измени на постојните и донесување нови законски прописи за зачувување на биодиверзитетот,
  • истражувачки работи за валоризација на локалитети со ендемични, реликтни, ретки и загрозени диви растителни видови (флородиверзитет), габи (диверзитет на фунги) и животински видови (фаунистички диверзитет),
  • координирање на проекти за санација и ревитализација на деградирани природни живеалишта,
  • реинтродукција на загрозени диви видови во природни станишта,
  • иницирање и учество во изработката на едукативни материјали и организирање семинари и работилници за подигање на јавната свест кај младите за значењето на биодиверзитетот,
  •  популаризација и презентација на биодиверзитетот,
  • соработка со специјализирани агенции на ОН (UNEP, UNESCO, UNDP, FAO) и меѓународните организации (IUCN, Wetlands International, BirdLife International, WWF, WUB, BIONET, GROMS), регионални заедници и организации (CE, EU, ECNC, EEA, EECONET, EURONATUR, REC, CEEWEB, BIOECO, BALET),
  • соработка со секретаријати на меѓународни конвенции и договори ратификувани од Република Северна Македонија (Рио-конвенција, Бернска, Бонска, Рамсарска, Вашингтонска, UNESCO-конвенција, Хашки и Лондонски договор) во имплементација на меѓународни критериуми, стандарди и норми за зачувување на биодиверзитетот на национално, регионално и глобално ниво,
  • подготвување предлози за ратификација на меѓународни конвенции, договори и протоколи од оваа област,
  • примена на принципот на одржливо користење на биоресурсите,
  • изготвување (во соработка со националните комитети) национални извештаи за имплементација на меѓународни конвенции и договори во Република Северна Македонија и нивно поставување на web-страна на Министерството, односно на web-страни на секретаријатите на истите,
  • учество на меѓународни конференции, симпозиуми, конгреси и семинари на кои се презентираат резултати и информации за статусот на биодиверзитетот во глобални и регионални рамки,
  • соработка со други органи, научни, стручни институции во реализација на програмски активности за зачувување на биодиверзитетот,
  • координирање, следење и известување за степен на реализација на НПАА (Национална Програма за приближување на право на ЕУ) во областа ГМО,
  • изготвување на стручни мислења за управување со ГМО, - подготовка на подзаконски акти, согласно Закон за ГМО,
  • остварување соработка со сите засегнати страни, научни и стручни институции, невладини организации од земјата и странство во областа на генетски модифицираните организми,
  •  координирање на активности за ефикасно спроведување и  имплементација на меѓународни договори – Картагенски Протокол за биосигурност(Сл.весник на РМ бр. 40/05)

Валентина Чавдарова

Раководител на ОУПЗПГ
Телефон: +389 76 455 423

 

Заштита и следење на состојбата со заштитените подрачја геолошкото и геоморфолошкото наледство во постапките  на: изработка на  просторно планска документација, изработка и донесување на  урбанистички планови утврдени со закон,  доделување на концесија  за  вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, пренамена  на земјоделско во градежно земјишт и утврдувањена правен стстус на бесправно изградени објекти

 

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

  • дава стручна помош при изготвување на стручни мислења за заштита, управување и  уредување на просторот со заштитените подрачја и геолошкото и геоморфолошкото наследство, 
  • остврува меѓуресорска и меѓусекторска   соработка во делот на  заштита, управување и  уредување на просторот со заштитените подрачја, подрачјата од посебен интерес на РМ и со геолошкото и геоморфолошкото наследство 
  • остварува  соработка со научните институции и невладините организации од земјата  во областа на заштита  управување и  уредување на просторот со заштитените подрачја и заштита на геодиверзитетот
  • воспоставува соработка со субјектите кои управуваат  со заштитените подрачја и претставниците на локалната самоуправај заради  обезбедувањена стручна помош при изрботка на  проектна документација  за уредување на просторт  во заштитените подрача и геолоѓшкотои геоморфолочкото наследство
  • ги координира  активностите за изработка на законската регулатива  од областа на заштита на природата, планирање и уредување на просторот, концесии, изработка на  елаборати за заштита на геодиверзитетот
  • координира  активности за примена на мегународните договори од областа на заштита на природата кои РМ  им пристапила или ратификувала
  • изготвува  податоци и информации од аспект на заштита на животната средина и природата во постапката на изработка на просторно-панска документација 
  • изготвува стручни мислења во постапката на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во граници на  заштитените подрачја  утврдени со закон
  • изготвува стручни мислењаво постапката на доделување на коцесија за вршење на детални геолошки истаржувања на минерални суровини
  • изготвува стручни мислења во посатпката за трајна пренмена на земјоделско во градежно земјиште 
  • изготвува стручни мислења во постапката на изработка и донсување на просторни и урбанистички палнови утврдени со закон

Смиљка Тенева

Раководител на ОЗПН-Н2000
Телефон: +389 76 455 418
Е-пошта: s.teneva@moepp.gov.mk

 

Дејност и обврски на одделението:

Организирање на процесот за заштита и управување со природното наследство, остварување на програмските задачи и активности за заштита на природното наследство, обезбедување на стручна помош за стручни мислења кои се однесуваат за заштита на природата, прогласување на нови и репрогласување на постоечките заштитени подрачја, водење на катастер и регистер за природно наследство, соработка со релевантни државни органи, субјекти за управување со заштитени подрачја и невладини организации од областа на заштита на природата, спроведување на националната и меѓународната легислатива за заштита на природата, идентификација и селекција на подрачја за вклучување во Европската еколошка мрежа Натура 2000 и друго.

Елаборати за ревалоризација
Национални Црвени Листи
Натура 2000

Мени за пристапност