Управување со функционирањето на секторот во функција на обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка.
Oпис на дејноста и обврските на секторот:
- Ја планира, организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените
- Ја планира, организира и координира билатералната соработка во министерството, учествува и координира билатерална соработка во мешовити владини комисии
- Соработува со агенциите на ООН како во земјава така и нивните претставништва во странство, со Министерство за надворешни работи и со други релевантни домашни институции, со регионални меѓународни организации и меѓународни финансиски институции
- Го координира процесот на испраќање материјали до Владата на РМ, Генералниот секретаријат и Собранието на РМ и дава насоки и упатства при подготовка на истите;
- Ја следи реализацијата на Заклучоците од седниците на Владата на РМ за прашања од надлежност на министерството и го назначува до одговорните за реализација
- Го организира протоколот во Кабинетот на министерот при посета на странски претставници како и при посета на други држави;
- Дава насоки и предлага мерки за градење на транспарентно министерсво (организирање на настани, јавни настапи, медиумски кампањи и др)
- координирана меѓуресорска соработка и учествува во работата на меѓуминистерските тела
- Го координира протоколот и јазичната редакција