Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања во Министерството за животна средина и просторно планирање ги извршува работните задачи и обврски од делокругот на:

  • Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално – финансиското работење;
  • Подготвување,извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот, подготовка на стратешкиот план на буџетот, измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот, контрола на подготовката и извршувањето на буџетот, спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола
  • Изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот(месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот, следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот, сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка.
  • Изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот;
  • Подготовка на Годишен финансиски извештај во делот на внатрешната контрола, подготовка, примање ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот, примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки
  • Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот
  • Изготвување на годишен план за јавните набавки и негова реализација

Работните задачи и обврски Секторот за финансиски прашања ги извршува преку четири оделенија: Оделение за буџетска координација, Оделение за буџетска контрола, Оделение за сметководство и плаќања и Оделение за јавни набавки.

 

Марјан Крстевски

Раководител на СФП

Телефон: +389 75 221 216
 
 
Опис на работната позиција

Управува со функционирањето на секторот и спроведување на надлежностите за прашања поврзани со организација на буџетското и материјално-финансиското работење

Листа на обврски-одговорности:

  • Ја планира, организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените
  • Ги организита активноститте за подготовка на Буџетот и финанансиските планови на прва и втора линија буџетски корисници, навремено финансирање на втора линија буџетски корисници ги решава финансиските проблеми на втора линија буџетски кориснии
  • Контролира прелог буџеџет за минстерството и ја ораганицира финансиската контрола на целокупната документација
  • Се грижи за законитиоста на сметковотствено финансиското работење
  • Помага за решавањето на финансиските проблеми на Министерот и Државниот секретар
  • Организира еведенција и попис на основни средства и ситен инвентар
  • Учествува во подготовка на планот за јавни набавки,
  • Спроведува контрола на јавните набавки
  • Организира подготовка на завршна сметка на министерството
  • Ги следи законските и подзаконски акти за областите во надлежност на министерството и органите во состав

Burbuqe Haxhijaha

Заменик раководител на СФП
Телефон: +389 70 387 751
 
 
Опис на работната позиција

Му помага на раководителот  на сектор  при вршење на најсложените работни задачи. Извршува работни задачи доделени од непосредниот раководител, врши кординација на работните активности и им дава  стручна помош на раководителите на одделенијата за работа  при вршење на најсложените работни задачи. Предлага ставови, врши анализа и проценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во текот на работењето. Непосредно одговара пред раководителот на секторот за својата работа во рамките на активностите согласно добиените овластувања.

Листа на обврски-одговорности:

  • Извршување на работни задачи доделени од непосредниот раководител
  • Коодинација на работните активности и давање  стручна помош на раководителите на одделенијата за работа при вршење на најсложените работни задачи. 
  • Предлага ставови, врши анализа и проценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во текот на работењето
  • Со посебно овластување од страна на министерот врши работи во делокругот на јавните набавки, и тоа:
  • Го изготвува годишниот план за јавни набавки;
  • Дава стручна помош на секторите при изготвување на барањата за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка;
  • Изготвува одлука за јавна набавка и тендерската документација;
  • Објаваува оглас на Електронскиот систем за јавни набавки;
  • Ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка;
  • Ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка;
  • Изготвува договор за јавна набавка и овластување за следење на реализација на договорите;
  • Ги ажурира податоците кои согласно со Законот за јавните набавки се доставуваат во ЕСЈН;
  • Објавува негативна референца во ЕСЈН;
  • Дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата;
  • Се грижи за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и
  • Врши други работи согласно со Законот за јавните набавки.

Осман Мислими

Раководител на ОБК
Телефон: +389 75 316 727
Е-пошта: o.mislimi@moepp.gov.mk
 

Основна надлежност на одделението за буџетска координација е подготовка на Предлог буџетот на министерството во целина и негово доставување до Министерство за финансии.
Во рамките на одделението се вршат и други позначајни работи кои се однесуваат на:

  • координирање на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на министерството;
  • координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • давање предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во министерството;
  • изготвување план за воспоставување на финансиското управување и контрола;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
  • подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
  • подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;
  • Подготовка на Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и
  • Подготовка на фискална стратегија за среднорочен период од три години со која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика и се утврдуваат износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства;
  • дава мислења, информации и извештаи по програми, одлуки и материјали во врска со Буџетот и буџетската политика;
  • Подготвува барања за прераспределби и проширувања на буџетот согласно начелата на економичност и ефективност;
  • ја следи и контролира исплатата на платите;
  • врши прибирање, евиденција и објавување на пријавените податоци од страна на субјектите за преземените, а недоспеани и доспеани, а неплатени обврски на субјектите (ЕСПЕО);
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи

Башким Незири

Раководител на одделение за БК
Телефон: +389 2 3251 456
Е-пошта: b.neziri@moepp.gov.mk

Oдделението за буџетска контрола врши контрола на извршување на буџетот на министерството за животна средина и просторно планирање

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • Изготвува прегледи за реализација на буџетот и го следи наменското трошење на средствата;
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување (надзор над целокупниот процес на финансикото управување и контрола);
  • изготвување на информации и извештаи од извршените контроли за извршување на буџетот;
  • контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските;
  • се грижи за спроведување на препораките по извршените контроли од страна на внатрешниот ревизор и Државниот завод за ревизија;

Југослав Јовановиќ

Раководител на ОСП
Телефон: +389 76 455 461
 

Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка, евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побрувањата и плаќање на доспеаните обврски.

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • буџетското и финансиското известување;
  • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билнсот на состојба;
  • изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на субјектот и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи;
  • ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • пресметка и исплата на платите на вработените;
  • континуирано следење и грижа за доследна примена на законските прописи и на други подзаконски акти од областа на материјално – финансиското и книговодственото

Одделението за јавни набавки е задолжена да го реализира и спроведува годишниот план за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки.

Одделението за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки ги спроведува јавните набавки со цел успешно остварување на целите на договорниот орган, утврдени во согласност со прописите кои го уредуваат користењето на буџетските и другите јавни средства.

Во соработка со останатите сектори на министерството дава насоки во изготвување на барањата за отпочнување на постапка за јавна набавка во кое се дефинираат барањата, условите, критериумите и други неопходни информации потребни за изготвување на тендерските документации.

Вработните лица во одделението и лицата за јавни набавки ја советуваат комисијата за јавна набавка при спроведување на постапките за доделување договор за јавна набавка; ги подготвуваат потребните акти врз основа на извештајот од спроведената постапка; изготвуваат договор за јавна набавка; даваат насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата итн и вршат други работи согласно со Законот за јавните набавки.

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30
Буџет на Министерството за просторно планирање и животна средина за 2024 година
Посебни податоци за државна евиденција за корисниците на средствата од буџетот на фондовите

Мени за пристапност