Абдилаќим Адеми е роден 20. 12. 1969 година во Шемшево, Тетово, каде го завршил и основното училиште. Женет, татко на 2 деца.
Образование
- Бурсист на DAAD – Германска Фондација за Меѓународна Соработка
- Докторант на Технолошко – Металуршки факултет УКИМ Скопје
- Магистер по технички науки – 2011: Универзитет во Приштина, насока: “Анализа и употреба на материјали”
- Високо: Дипломиран Инженер по Металургија, Политехнички Факултет, Тирана, 1996
- Средно: Гимназија “Кирил Пејчиновиќ” – Тетово, Математика – Информатика
- Основно: “Даме Груев” – Шемшово
Обуки и усовршување
- Обука при Институтот за Градежни и стаклени материјали во Техничкиот Универзитет Фрајбург – Германија.
- Школа за млади политичари
- Обука за креирање политики
Членство во стручно-научни здруженија
- Економски совет
- Комисија за економски систем и тековни економски политики
- Комитет за туризам
- Комитет за отпад
- Комитет за здравје и животна средина
- Комитет за минерална суровина
Информатички технологии
- Има општо познавање од информатички технологии
Работно искуство
- 2011- 2014 – Министер за животна средина и просторно планирање
- 2009- Член на советот за безбедност на Република Македонија
- 2008-2011 Заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за спроведување на Рамковниот Договор Комисија за политички систем – Подпретседател
- 2007-2008 ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово
- 2004-2006 Асистент при Државниот Универзитет во Тетово, предмет “Анализа на градежни материјали”
- 2006-2007 член на Бордот на Директори во АД “ГА-МА” – Скопје
- 2002 – 2006 пратеник во Собранието на Република Македонија
Реализирани проекти и активности
- Проект со Национален Демократски Институт, Студиска посета на Сенатот на Мичиген, Сенатот на САД и ДСД.
- Проекти со Национален Републикански Институт
- Проекти и обука под покровителство на Фондацијата Фридрих Егберт
- Проекти со Нансен Дијалог Центар – Скопје, Невладина Организација
- Дијалог семинари за родители од општина Јегуновце – преговори, организирање на состаноци, како и учествување на семинари и следење на резултатите во склоп на проектот (2005-2007)
- Дијалог семинари со локалните власти од општина Јегуновце (2005-2006)
- Студиска посета на Норвешка (2006)
- Како претставник од Училишниот Одбор на семинари за подигање на свеста за активно учество на родителите во училиштата во мултиетнички средини.(2007)
- Асистирање при етаблирање на неформалните курсеви за децата од различна етничка припадност за ИТ, Англиски, Албански и Македонски Јазик.(2005 )
- Соработка и асистирање на НДЦ Скопје за имплементација на проектите за Водоводите, за Училишен Спорт, за рехабилитација на Училиштата во оваа општина, за различни земјоделски и останати проекти во сферата на урбано планирање.( 2005-2007)
- Како лице контакт и консултирање за било какви меѓународни посети, нивно организирање и водење. ( од 2005 во континуитет)
- Еден од главните иницијатори и поддржувачи за дизајнирање и имплементација на експлицитна програма за активно вклучување на родителите во образовниот систем-воспоставување на контакти со родителите како и наставниците.(2007)