Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција

Управување со функционирањето на министерството и органите во состав и спроведување на належностите во функција на унапредување и инкорпорирање на меѓународните стандарди во областите од надлежност: заштитата на животната средина преку јакнење на капацитетите и системска меѓуресорска и меѓусекторска координација, менаџирање со човечките ресусри во Министерството.

  • Ја планира, организира и координира работата на министерството и раководните административни службеници,
  • Спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа, го следи и контролира индивидуалното и организациско работење и ги оценува раководните административни службеници;
  • Предлага концепти и решенија за внатрешната структура, за надминување на проблеми од кадровска, техничка или финансиска природа во областите од надлежност на министерството согласно насоките, упатствата, одлуките и заклучоците од министерот;
  • Ја следи реализацијата на Годишната програма за работа на Владата на РМ во областите од надлежност на министерството; ја следи утврдената временска рамка и дава насоки и мислења при подготовката на материјалите, предмет за работа на Владата на РМ и владините тела и комисии;
  • Присуствува на Генералниот Колегиум на Генерални/државни секретари;
  • Ја следи реализацијата на донесените заклучоци и ставови и предлага концепти за нивно навремено, ефикасно и ефективно спроведување;
  • Презентира политики, програми, проекти и стратешки документи од областите кои се во надлежност на министерството;
  • Дава мислење и насоки при подготовка на материјали, информации и мислења за прашањата од надлежност на министерството за седници на Владата на РМ, тела и комисии;
  • Укажува за приоритетот на материјалите во дневниот ред на седниците на Владата и учествува во работата на работните тела на Владата на РМ и Собранието на РМ кога за тоа е овластен од министерот;
  • Ги координира работните групи на министерството за изработка програми, проекти и стартешки документи;
  • Остварува комуникација и соработка меѓународни организации со Генералниот секретар на Владата на РМ;

 

Ресми Ејупи е роден 28/03/1984.  По националност е Албанец.

 

Образование
  • Магистер по Патно сообраќајно инженерство и транспорт, Технички факултет - Битола

 

Обуки и усовршување
  • Scientific Challanges for sustainable Development 23
  • International congress on natural, health scinces and technology

 

Информатички технологии
  • Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
 
Мајчин јазик
  • Албански
 
Останати јазици
  • Англиски
 
Работно искуство
  • 01/09/2021 – Тековно - Асистент, Државен Универзитет во Тетово
  • 05/2023 - 27/09/2024 Раководител на Одделение за евиденција и контрола на остварени права од боречка и инвалидска заштита, Сектор за боречка и инвалидска заштита во Управата за прашања на борците и воените инвалиди
  • 20/10/2020 – 23/05/2023 - Државен Секретар, Министерство за труд и социјална политика
  • 17/01/2009 – 20/10/2020 - Раководител на оделени на испекциски надзор, Општина Гостивар
  •  15/05/2015 – 10/10/2020 - Проектант во проектантско биро ТЕС Проект, Гостивар
  • Проценител на штети од сообраќајни незгоди- Осигурителна компанија Винер

 

Публикации
  • Road Ecology Research in North Macedonia Impact of roads and mitigation measures