Акроним на проектот: LIFE25-CAP-MK-eHUB4LIFE
Број на проект: 101233810
Повик: Technical Assistance projects for Capacity Building (LIFE-2025-TA-CAP)
Тема: LIFE 2024 Capacity Building
Почеток: 1 октомври 2025 година
Крај: 30 септември 2028 година
Буџет: 444 240,00 EUR
Максимален износ на грант од ЕУ: 422 028,00 EUR
Координатор: Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)
Партнер: Центар за управување со знаење и вештини К&С Скопје (К&С Скопје)
Координатор: Влатко Трпески
Општа цел
Зголемено на учество во повиците на програмата LIFE и подобрен квалитет на поднесените апликации.
Резиме
Република Северна Македонија, на 3 јули 2023 година во Брисел, официјално потпиша договор за асоцијација со програмата LIFE, водечка иницијатива на Европската Унија за поддршка на животната средина и климатските акции. Како новоасоцирана земја, Северна Македонија се соочува со предизвици поради ограничено искуство и институционален капацитет во областите опфатени со LIFE Програмата, особено кај персоналот во релевантните министерства кои се дел од мрежата на национални контакти.
Проектот eHUB4LIFE треба да ги надмине овие предизвици преку подобрување на ефективното учество на националните корисници во програмата LIFE. Неговата главна цел е да ја зајакне мрежата на национални контакти преку координирани мерки кои ќе им овозможат поддршка на тековните и потенцијалните апликанти во подготовка на квалитетни проектни предлози.
Одржливоста на проектот ќе биде обезбедена преку развој на дигитална платформа за поддршка, наречена LIFEMKeHUB. Оваа платформа ќе понуди професионални насоки, ресурси и алатки за олеснување на пристапот до финансии од програмата LIFE. Со подобрување на бројноста и квалитетот на поднесените апликации, активностите во проектот значително ќе го засилат националниот придонес кон европските цели за животна средина и клима.
Очекувани резултати
1. Зголемено национално учество во програмата LIFE
- Поголем број квалитетни национални проектни апликации.
- Поголема застапеност на Северна Македонија во иницијативи финансирани од ЕУ.
- Зајакнат придонес кон целите на ЕУ за животна средина и клима.
2. Подобрена институционална експертиза и капацитет
- Зајакнати компетенции на мрежата на национални контакти во водењето на апликанти.
- Поефикасна поддршка за засегнатите страни преку обуки и споделување знаење.
- Намалена фрагментација и подобрена координација меѓу националните институции.
3. Одржлива дигитална инфраструктура за долгорочна поддршка
- Воспоставување на одржлива дигитална платформа LIFE MK eHUB како траен национален ресурс.
- Континуиран пристап до алатки, поддршка и информации за финансирање.
- Поголема транспарентност и ефикасност при пристап до можностите од програмата LIFE.
4. Пошироко вклучување на засегнати страни и подигнување на свеста
- Зголемена национална свест за можностите во програмата LIFE.
- Активно вклучување на општини, науката, овразованието, индустрија, граѓанските и професионалните здруженија.
- Создавање на национална база на засегнати страни кои би соработувале во иднина.
5. Усогласување на политики и стратешка интеграција
- Подобрена хармонизација на националното законодавство со ЕУ стандардите.
- Интеграција на резултатите од проектот во националните политики и програми.
- Стратешка употреба на комплементарни финансиски инструменти за иницијативи во програмата LIFE.
6. Долгорочна одржливост и диверзификација на финансирање
- Зголемена видливост и примена на резултатите и по завршување на проектот.
- Привлекување дополнителни фондови за климатски и еколошки акции.
- Зајакнат национален екосистем за иновации и развој на проекти.
Повеќе информации: https://eulife.mk