Тип на проект: Tвининг договор
Вредност на проектот: 1.000.000 eur
Датум на започнување:
Датум на завршување:
Статус на проект: Завршен
Главни цели на проектот
- Општата цел на овој проект е да се заштити здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на штетните индустриски емисии во сите медиуми на животната средина (вода, воздух и почва).
- Специфичната цел е дополнително зајакнување на националните и локалните административни капацитети во областа на индустриското загадување преку подобрување на интегрираните еколошки дозволи, кои треба да содржат услови поставени во согласност со принципите и одредбите на Директивата за индустриски емисии (ДИЕ) и заклучоци на Најдобрите достапни техники(БАТ).
Проектни компоненти-резултати
- Компонента 1 – Усогласена законска рамка
Задолжителен резултат 1.1: Проценка на разликите во степенот на усогласеност на постојното примарно и секундарно законодавство, со договорени и имплементирани соодветни точки за акција
Задолжителен резултат 1.2: Нацрт-изменетиот Закон за контрола на индустриските емисии, нацрт-новите подзаконски акти и измените на постојните подзаконски акти, подготвени во согласност со проценката на разликите, (доколку се смета дека е потребно). - Компонента 2 – Подобрена процедура за ОВЖС за активностите на ИЕД
Задолжителен резултат 2.1: Подобрен процес на оцена на влијанието во рамките на постапката за ОВЖС за секторите кои спаѓаат во ИЕД
Задолжителен резултат 2.2: Зајакнати административните капацитети за процедурата за ОВЖС за секторите кои спаѓаат во ИЕД - Компонента 3 – Подобрен процес на издавање дозволи за ИСКЗ
Задолжителен резултат 3.1: Подобрен процес на издавање дозволи и поставки на ЕГВво интегрираните еколошки дозволи
Задолжителен резултат 3.2: Зајакнати капацитети на издавачите на дозволи и на централно и на локално ниво
Задолжителен резултат 3.3: Подигната свест кај релевантните засегнати страни, вклучително и индустриските оператори, невладините организации и граѓаните, во врска со индустриското загадување.
Корисници на проектот
- Центар за меѓународно и европско економско право (ЦМЕЕП) – Република Грција
Краен корисник
- Министерство за животна средина и просторно планирање
- Министерство за финансии
- Државен инспекторат за животна средина
- Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
- Стопанска комора
- Индустрии, невладини организации
Сектор одговорен за спроведување
- Сектор за индустриско загадување и управување со ризик
Галерија
