Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Техничка ревизија на системите за собирање и третман на отпадни води во С. Македонија - NEAR/SKP/2022/EA-RP/0173

Тип на проект: Договор за услуги
Вредност на проектот: 400.000 eur
Датум на започнување:
Датум на завршување:
Статус на проект: Тековен
 
 
Главни цели на проектот
  • Општа цел: Намалување на негативните ефекти од несоодветното управување со отпадни води и мил во поголемите агломерации на Северна Македонија (над 10.000 ЕЖ)
  • Посебни цели (резултати):
    • Да ја потврди оправданоста на средствата од ИПА искористени за помош во развојот на инфраструктурни проекти за отпадни води за да и помогне на С. Македонија да ги достигне целите на ЕУ политиката за отпадни води (Резултат 1).
    • Да го подобри управувањето со системот за урбани отпадни води во одбраните агломерации (Резултат 2)

 

Проектни компоненти-резултати
  • Продукт 1 на Резултат 1: Ревизии на изведби на системите за урбани отпадни води кои добија помош за развој на инфраструкурите од ИПА 1 – по една за секоја агломерација (вкупно 6);
  • Продукт 2 на Резултат 1: Системски ревизии на ЈКП кои ќе ги управуваат инфраструктурите изградени или реновирани од ИПА 2 и ИПА 3 средствата - по една за секоја агломерација (вкупно 6);
  • Продукт 3 на Резултат 1: Финансиски ревизии на сите ЈКП операции (вкупно 2);
  • Продукт 4 на Резултат 1: Оперативни и финансиски планови за реструктуирање (вкупно 6);
  • Продукт 1 на Резултат 2: Извештаи за критичност на опремата -  по еден за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 8);
  • Продукт 2 на Резултат 2: Енергетски ревизии – по една за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 6);
  • Продукт 3 на Резултат 2: Приоритетен инвестициски план;
  • Продукт 4 на Резултат 2: Студија на пазарот за одбраната опрема;
  • Продукт 5 на Резултат 2: Соодветни технички спецификации на одбраната опрема;
  • Продукт 6 на Резултат 2: Рамка за политика на енергетска ефикасност на ЈКП воспоставена или унапредена – по една за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 6);
  • Продукт 7 на Резултат 2: 3 – дневнa обука за енергетски менаџери.

 

Корисници на проектот
  • Министерство за животна средина и просторно планирање
 
Краен корисник
  • Општините Радовиш, Кичево, Струмица, Прилеп, Берово, Куманово, Битола, Тетово, Велес, Штип, Виница и Ресен и нивните соодветни ЈКП
 
Изведувачи
  • Sachsen Wasser GmbH (DE) во конзорциум со SRP Schneider & Partner Ingenieur-Consult GmbH (DE) и подконсултант Aqua Fluent DOOEL (MK)
 
Сектор одговорен за спроведување
  • Сектор за води

Мени за пристапност