Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Понатамошна поддршка во спроведувањето на реформите во секторот за води

Тип на проект: Договор за услуги
Вредност на проектот: 2.191.870,00 €
Дата на започнување: 20.05.2025 год.
Дата на завршување:  20.11.2027 год.

Главни цели на проектот  
 
Општата цел е да се подобри пристапот до и квалитетот на услугите за вода и отпадни води, во согласност со законодавството на ЕУ.

Специфичните цели на проектот се:

- Реорганизирани општински услуги за вода во кластери на ниво на речен слив (Резултат 1)

- Принципите „загадувачот плаќа“ и „полн надомест на трошоците“ постепено спроведени на национално ниво (Резултат 2)

- Операционализирани меѓуопштински услуги во пилот-областите (Резултат 3)

Проектни компоненти/резултати  
 
Резултат 1: Операционализирана Стратегија за реорганизација на општинските услуги за вода за пиење и отпадни води.
Зајакнати се функциите за надзор на меѓуопштинската соработка во водните услуги

Резултат 2: Надградени на национално ниво механизмот за тарифа за вода и неговото спроведување 

Резултат 3: Воспоставено меѓуопштинско обезбедување водни услуги во пилот-областите

Подобрени финансиски и оперативни перформанси на обезбедувањето водни услуги во пилот-областите.

Име на корисникот    
HYDROPHIL GmbH (AT) во конзорциум со GIZ Deutsche Gesellschaft für internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (DE), VEVE Group doo (MK) и The International Association of Water Supply Companies in the Danube River Catchment Area (IAWD) (AT) 

Краен корисник на акцијата    
Министерството за животна средина и просторно планирање, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Здружение на даватели на комунални услуги во Северна Македонија (АДКОМ), општини и нивните соодветни јавни комунални претпријатија.

Сектор одговорен за спроведување во рамките на МЖСПП како краен корисник    
Сектор за води

Засегнати страни (освен МЖСПП, како што се општини и ЈКП)    

•    Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги;
•    АДКОМ;
•    Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС),
•    Снабдувачи со сурова вода, избрани општини и нивните соодветни јавни комунални претпријатија (ЈКП).

Мени за пристапност