Вид на проект: Договор за услуги
Вредност на проектот: 1.060.260,00 EUR
Датум на започнување: 28.07.2025
Датум на завршување: 28.10.2028
Статус на проектот: Тековен
Главни цели на проектот
Општа цел
Да се подобри инфраструктурата за собирање на општински отпадни води во согласност со директивата 91/271/ЕЕЗ и националниот закон.
Проектот предвидува мерки за изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битолa, вклучувајќи активности за надзор, што би придонело за следново:
- Да се подобрат санитарните и хигиенските услови и стандарди за населението;
- Да се намали инфилтрацијата на подземните води во канализациониот систем и следствено, во пречистителната станица;
- Да се намали истекувањето на отпадните води и загадувањето на подземните води;
- Да се подобрат значително моментално неприфатливите еколошки услови на реципиентот (река Драгор) (разредување помало од 1:1) и квалитетот на водата во реката по испустот на пречистителната станица, што ќе ги исполни целите на еколошките стандарди;
- Да се намали понатамошното акумулирање на хранливи материи и еутрофикацијата низводно во прекуграничниот тек на реката Вардар и Егејското Море;
- Да се намалат проблемите поврзани со одржувањето на канализациониот систем;
- Да се обезбеди правилно функционирање на идната Централна пречистителна станица.
Посебни цели (резултати)
За да обезбеди функционирање на инфраструктурата за отпадни води во рамките на „Изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во општината Битолa“, инвестициите се следните:
- проектирани (според договорот „Жолта книга“ на FIDIC) според барањата и спецификациите на соодветниот работодавач и со користење на соодветни, економични и одржливи технологии;
- изградени според техничките и стандардите за квалитет наведени во соодветните технички спецификации и барањата на работодавачот;
- изградени земајќи го предвид здравјето и безбедноста на работниците на лице место, како и на пошироката јавност и,
- завршени според распоредот и без никакви пречекорувања на трошоците.
Проектни продукти/активности
- Продукт 1 кон Резултат 1: За Лот 1 – надзор на градежните работи за проектирање и изградба на станица за третман на отпадни води за 112 474 PE со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден и работи на проширување (375 м) на постојниот главен колектор во Општина Битолa според условите на договорот од Жолтата книга на FIDIC (1999) и договорните документи, преку ефикасна и ефективна експертиза резултирајќи со издавање на Сертификат за преземање, кога работите ќе бидат во голема мера завршени и Сертификат за изведба, на крајот од Периодот за известување за дефекти (DNP), а сето тоа треба да се постигне со квалитет, буџет и временска рамка предвидени во Договорите за градежни работи.
- Продукт 2 кон Резултат 1: За Лот 2 – надзор на градежните работи за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битолa во согласност со условите на договорот од Црвената книга на FIDIC (1999) и договорните документи, преку ефикасна и ефективна експертиза, резултирајќи со издавање на Сертификат за преземање, кога работите се во голема мера завршени, и Сертификат за изведба, на крајот од Периодот за известување за дефекти (DNP), а сето тоа треба да се постигне со квалитет, буџет и временска рамка предвидени во Договорите за градежни работи.
Име на консултантот
- Eptisa Servicios de Ingenieria S.L, Spain
Корисник
- Министерство за животна средина и просторно планирање
Одговорен сектор за имплементација во рамките на МЖСПП како краен корисник
- Сектор за води
Крајни корисници (различни од МЖСПП како што е општина или ЈКП)
- Општина Битола и
- КЈП „Нискоградба“ Битола