Лот 1: Проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Битола, NEAR/SKP/2024/EA-RP/0030
Вид на проект: Договор за градежни работи
Вредност на проектот:21.707.369,71 EUR
Датум на започнување: 06.08.2025
Датум на завршување: 06.08.2028
Статус на проектот: Тековен
Главни цели на проектот
Општа цел
Да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на општински отпадни води во согласност со директивата 91/271/ЕЕЗ и националниот закон.
Проектот предвидува мерки за изградба на пречистителна станица во Општина Битолa кои би придонеле за следново:
- Да се подобрат санитарните и хигиенските услови и стандарди за населението;
- Да се подобрат значително неприфатливите постоечки еколошки услови на реципиентот (река Драгор) (разредување помало од 1:1) и квалитетот на водата во реката по испустот од пречистителната станица, што ќе ги исполни целите на еколошките стандарди;
- Да се намали понатамошното акумулирање на хранливи материи и еутрофикацијата низводно во прекуграничниот тек на реката Вардар и Егејското Море;
- Да се обезбеди правилно функционирање на идната централна пречистителна станица.
Посебни цели (резултати):
- Проектирање и изградба на станица за пречистување на отпадни води за 112 474 ЕЖ со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден.
- Градежните работи ќе бидат спроведени според условите на договорот од Жолтата книга на FIDIC (1999) и договорните документи.
Проектни продукти/активности
- Станица за пречистување на отпадни води за 112 474 ЕЖ со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден
Име на консултантот
- Lantania S.A.U (ES)-Stenton Gradba D.O.O. (MK)-Karkanias Environmental Technology S.A (GR) JV
Корисник
- Министерство за животна средина и просторно планирање
Одговорен сектор за имплементација во рамките на МЖСПП како краен корисник
- Сектор за води
Крајни корисници (различни од МЖСПП како што е општина или ЈКП)
- Општина Битола и
- КЈП „Нискоградба“ Битола