Секторот за управување со отпад ги остварува целите и приоритетите во делот на отпадот, што произлегуваат од стратешките и плански документи, учествува во процесот на целосно транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство, но и на локалано ниво и обезбедува висок степен на интегрирано управување со отпадот во Република Македонија.
Секторот учествува и при издавање на А – интегрираните еколошки дозволи, одговора на барања за пристап до информации од јавен карактер, ја развива соработката со единиците на локалната самоуправа и невладините организации во делот на управувањето со отпдот и редовно учествува на национални и меѓународни конференции и работилници кои се однесуваат на управувањето со отпадот.
Секторот го сочинуваат вкупно 8 вработени лица.
Секторот е составен од 4 одделенија:
Одделение за
управување со
опасен и
историски отпадОдделение за
развој на планови
и програми за
управување со отпад Одделение за
регистрација и
евиденција на
управувањето со отпадот Одделение за
постапување со
посебни текови
на отпад
врши постапно воспоставување на рационална мрежа на капацитети за управување со опасниот отпад, особено преку различни и меѓусебно поврзани задачи на полето на законската регулатива, институционалното зајакнување и организациската поставеност и задачите поврзани со комуникацијата со јавноста и создавачите на отпад и ги одредува активностите и задачите на поединечните инволвирани субјекти во општеството, поставува приоритети на задачите и временски распоред преку проценување на времето за реализација на поединечните задачи и постапки и ги одредува човечките, институционалните и финансиските ресурси потребни за постигнување на поставените општи, посебни и квантитативни цели во делот на санирање на историскиот отпад и управувањето воопшто со опасниот отпад.
врши планирање, подготовка, еваулација и коодринацијаи на спроведувањето на концепциски студии, физибилити студии, студии за оценка на ризиците и други студии и плански документи од областа на управувањето со отпадот, потоа еваулација и следење на планските документи на локално ниво, вршење на мониторинг на постапувачите со отпад, водење на евиденција на создавачи на отпад и регистри и катастри на создавачите на отпад.
е надлежно за издавње на мислења по однос на барањата за дозволи за постапување со отпад и промет со отпад, барањата за дозволи за основање на депонии, промовирање на хиерархијата во управувувањето со отпадот, водење на кампањи, изготвување на прирачниции и упатства вклучувајчи го и вршењето на управен надзор над правните лица кои имаат дозволи за постапување со отпад и водење евиденција на управувачите и постапувачите со отпадот.
е надлежно имплементација на посебните закони кои го регулираат постапувањето со отпдот од пакување, отпадните батерии и акумулатори, отпадната електрична и електронска опрема, отпадните масла, отпадните гуми и возилата со завршен век и презема мерки во однос на постапувањето со овие посебни текови на отпад, водеи евиденција на создавачите на посебните текови на отпад, регистри на создавачите на отпад, води кампањи, изготвува прирачници и упатства како и други задачи на техничка помош.