Скопје, 12 мај 2025 г. Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата.
Скопје, 09 мај 2025 г. Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, се приклучи на националната акција за чистење „Генералка викенд“
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства.
Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија кои ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.
Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од Кривопаланечко до Ресенско, од Тетовско до Долненско, од Дебарско, до Струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес беше во посета на општина Кавадарци како дел од владината делагација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која направи увид во реализацијата на повеќе проекти од различни области што се реализираат со државна помош
По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево.
Заминик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес присуствуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати и официјално се изврши предавање на проектна опрема на општина Ѓорче Петров во рамки на прекуграничниот проект „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“.
Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во просториите на Владата оствари работна средба со Н.Е. Анџела Агелер, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.