Меџити: Ја отворивме вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата Life на Европската унија

Новости
повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени
Меџити: Ја отворивме вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата Life на Европската унија
06.05.2025

Скопје, 07.05.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства.

Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, за да според него, зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ!

LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области:

 

  • Заштита на природата и биодиверзитетот
  • Циркуларна економија
  • Климатска акција – ублажување и адаптација
  • Чиста енергија и одржливи извори

 

Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства, напиша на социјалните мрежи првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

За да се биде дел од програмата заинтересираните треба да се регистрираатза следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што имаат можност да добиваат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европските експерти.

Повеќе информации за отворените повици и инфо деновите на следнта врска:

https://cinea.ec.europa.eu/news-events/news/life-calls-proposals-2025-claim-your-share-eu600-million-and-help-create-sustainable-future-europe-2025-04-24_en.

Submitted by alfa4 on 06.05.2025 - 09:22