Сектор за просторно планирање

Сектор
Планирањето на просторот е мултидисциплинарна дејност за долгорочна проекција, од сите аспекти за развој, на територијата на секоја цивилизирана држава
Сектор за просторно планирање

Со просторното планирање се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, како и предвидување на мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки непогоди и др.

Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.

Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:

 

Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:

  • Одделение за планови и просторна политика
  • Одделение за спроведување на просторни планови
  • Одделение за стратешка оценка на влијанието врз животната средина

 

Обврски на Секторот кои произлегуваат од Закон:

  • ја координира постапката за изработката на просторните планови;
  • ја спроведува постапката за нивно донесување;
  • ја следи нивната имплементацијата (преку изготвување на едногодишни Извештаи за спроведување на Планот);
  • издава Услови за планирање на просторот (Решение за Услови за планирање на просторот);
  • учествува во подготовка на законски и подзаконски акти;
  • дава стручно мислење за усогласеност на плановите од понизок ред со Просторниот план на државата;
  • изготвува проценка и двегодишна програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија;
    дава мислења од областа на просторното планирање;
  • ги координира и спроведува политиките за спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина;
  • прави анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина;
  • подготовува документи и предлог законски решенија, потребна стручна помош и стручни мислења од областа на стратешка оцена на влијание врз животната средина.

 

Извештаи за Стратегиска оцена на животната средина

 

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

СПП - Одделение за планови и просторна политика

1
2
Одделение
Планови и просторна политика
Kоординaција на изработка на просторните планови, спроведување на политика на одржлив просторен развој преку имплементација на предвидените концепции за просторен развој на државата
Документација

Одлука спроведување на стратегиска оцена за планскиoт документ за План за спречување на создавање на отпад 2022-2027 на Република Северна Македонија

Одлука спроведување на стратегиска оцена за планскиoт документ за План за спречување на создавање на отпад 2022-2027 на Република Северна Македонија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Стратегиски План за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Стратегиски План за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион