
Скопје, 05.05.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија кои ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.
Во моментот, во напредна владина процедура се наоѓаат:
- Измени и дополнувања на Законот за животна средина (2 постапки)
- Три нови закони од областа на управување со отпад, како основа за современ и функционален систем за селекција, третман и рециклирање.
Во завршна фаза е Законот за контрола на индустриски емисии, кој за првпат ќе предвиди обврска за поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време во сите поголеми индустриски капацитети со А-интегрирана дозвола. Овој чекор е клучен за транспарентност, отчетност и надзор над загадувањето.
Покрај овие, Министерството работи на:
- Закон за климатска акција, со кој земјата првпат добива стратешка рамка за справување со климатските промени;
- Нов Закон за природа, со цел поголема заштита на биодиверзитетот и природните вредности;
- Измени на Законот за води, за поефикасно и одржливо управување со водните ресурси;
И како новитет, првпат се креира Закон за просторно планирање, кој ќе овозможи уреден, зелен и отпорен просторен развој.
Министерството продолжува да дејствува посветено, транспарентно и со јасна визија – да создаде функционален систем за здрава животна средина и одржлив развој.