МЖСПП гради системски пристап во заштитата на животната средина

News
Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија кои ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.
МЖСПП гради системски пристап во заштитата на животната средина
05.05.2025

Скопје, 05.05.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија кои ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.

Во моментот, во напредна владина процедура се наоѓаат:

  • Измени и дополнувања на Законот за животна средина (2 постапки)
  • Три нови закони од областа на управување со отпад, како основа за современ и функционален систем за селекција, третман и рециклирање.

Во завршна фаза е Законот за контрола на индустриски емисии, кој за првпат ќе предвиди обврска за поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време во сите поголеми индустриски капацитети со А-интегрирана дозвола. Овој чекор е клучен за транспарентност, отчетност и надзор над загадувањето.

Покрај овие, Министерството работи на:

  • Закон за климатска акција, со кој земјата првпат добива стратешка рамка за справување со климатските промени;
  • Нов Закон за природа, со цел поголема заштита на биодиверзитетот и природните вредности; 
  • Измени на Законот за води, за поефикасно и одржливо управување со водните ресурси;

И како новитет, првпат се креира Закон за просторно планирање, кој ќе овозможи уреден, зелен и отпорен просторен развој.

Министерството продолжува да дејствува посветено, транспарентно и со јасна визија – да создаде функционален систем за здрава животна средина и одржлив развој.

Submitted by alfa4 on 05.05.2025 - 14:54