Новости

Сите битни информации околу настани во министерството или поврзани случувања во делокругот на работењето
Настани
  • 11.03 2025
    Денес во Скопје, во коорганизација на Министерството за животна срдина и просторно планирање и  Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) се одржа регионална конференција со која започнаа два големи регионални проекти предводени од – ADAPT 2.0 и Позеленување на Западен Балкан
  • 07.03 2025
    Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари средба со претставниците на Ман анд Маунтаин кои што години наназад се главни организатори на најмасовната пролетна акција за чистење на отпадот низ целата држава, Генералка викенд и есенската акција за пошумување Сончева гора.
  • 28.02 2025
    Анкара, 28.02.2025 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја започна официјалната посета на Република Турција со многу важна средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум.
  • 27.02 2025
    Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи се обрати на отварањето на почетната работилница на новиот проект од областа климатски промени: „Развој на првиот двогодишен извештај за транспарентност и комбинираниот втор двогодишен извештај за транспарентност и петтиот национален извештај за климатските промени на Северна Македонија
  • 26.02 2025
    Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес ги прими претставниците на граѓанските организации: Центар за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест,  Македонско еколошко друштво и Македонско здружение на млади правници што работат на полето на заштита и унапредување со животна средина и климатски промени
  • 25.02 2025
    Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше дел од официјалното затварање на проектот за зајакнување на административните капацитети во национално и локално ниво, за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на индустриското загадување.
  • 24.02 2025
    На барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии
  • 24.02 2025
    Министерoт за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше на посета во скопската населба Хасанбег (Ченто) каде најави наскоро започнување на два капитални проекти за оваа населба.
  • 22.02 2025
    Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства.