Работилница за развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис

Новости
Денес и утре во Скопје се одржува дводневна регионална работилница посветена на развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис
Регионална стратегија за заштита на балканскиот рис
03.06.2025

Во согласност со обврските што ги презедоа земјите од регионот по вклучувањето на балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) во Анексите I на Конвенцијата за миграторни видови (CMS), денес и утре во Скопје се одржува дводневна регионална работилница посветена на развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис.

Настанот е организиран во партнерство со UNEP Vienna, МЕД, EuroNatur и IUCN Cat Specialist Group, и има за цел да постави темел за регионална соработка во заштитата на балканскиот рис – симбол на природното наследство и биодиверзитетот на Западен Балкан

Работилницата е насочена кон разгледување на нацрт-стратегијата за заштита на балканскиот рис и усогласување на нејзините цели за поефикасна и координирана имплементација.

Submitted by alfa4 on 03.06.2025 - 15:34