Меџити на координативен состанок со УНОПС и експерти за справување со линдан отпадот во ОХИС

Новости
Изет Меџити, денеска предводеше координативен состанок со претставници на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги
Меџити на координативен состанок со УНОПС и експерти за справување со линдан отпадот во ОХИС
30.05.2025

Скопје, 30 мај 2025г. – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска предводеше координативен состанок со претставници на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), како и домашни и меѓународни експерти. На состанокот се разгледаа тековните активности за ископување и резултатите од последните истражувања за преостанатите количини на линдан отпад во малата депонија во кругот на поранешниот комплекс ОХИС.

Главната цел на дискусиите беше разгледување и усогласување на можните решенија и стратегии за целосно завршување на ремедијацијата на оваа контаминирана локација.

Министерот Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Владата, остануваат посветени на имплементацијата на одржливи и ефективни решенија, како и обезбедување на потребните финансиски средства за надминување на овој долготраен и комплексен еколошки проблем кој ги засега жителите на Скопје и пошироката околина.

„Овој предизвик не е само одговорност на Министерството или Владата, туку на целата држава. Иако процесот на чистење е веќе започнат, останува уште многу работа за целосно отстранување на опасниот историски отпад“,

- потенцираше Меџити.

Тој нагласи дека ова наследено загадување сериозно влијае врз здравјето на граѓаните, како и на квалитетот на воздухот, почвата и водата.

Министерот подвлече дека целосната санација и обнова на поранешната локација на хемиската индустрија ОХИС претставува не само техничка, туку и морална и институционална обврска кон сегашните и идните генерации.

Процесот на чистење на малата депонија со линдан е сложен и финансиски интензивен проект, кој се реализира со поддршка од Мулти-партнерскиот еколошки фонд.

Галерија
Submitted by alfa4 on 30.05.2025 - 14:00