Меџити: Напредно управување со отпадот

Новости
Чистење на дивите депонии, приоритет на Министерството за животна средина
Чистење на дивите депонии, приоритет на Министерството за животна средина
29.05.2025

Скопје, 29.05.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA.

Во своето обраќање, министерот Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина. 

„Управувањето со отпад претставува комплексен предизвик, но и можност за развој на иновативни технологии и за зајакнување на зелена економија. Министерството за животна средина е посветено на изградба на регионален системи за управување со отпад што ќе ги исполнува највисоките европски стандарди, вклучувајќи ја и изградбата на првата регионална стандардизирана депонија во земјата,“

 - рече Меџити.

Тој ја посочи и потребата од тесна меѓуопштинска и меѓусекторска соработка и почитување на стандардите на ЕУ, кои се неопходни за транспарентно и ефикасно функционирање на системот за управување со отпад и за унапредување на процесот на европска интеграција.
Министерот Меџити информираше и за мерките преземени за чистење на дивите депонии, со цел создавање почист и побезбеден животен амбиент за граѓаните и подобра заштита на јавното здравје.

На крајот, Меџити потенцираше дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и дека преку соработка ќе се создаде поодржлива и поздравa иднина за идните генерации.

Галерија
Submitted by alfa4 on 29.05.2025 - 16:50