Соопштенија
Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“

28.05.2025
Почитувани
Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).
Локација: Хотел Холидеј Ин – Скопје,
Конференциска сала Милениум 1
Време: 09.30 ч.
Покануваме новинари, сниматели и фотографи да присуствуваат на овој настан.