ВКУПНА ЕНЕРГЕТСКА ИНТЕНЗИВНОСТ | ![]() |
![]() |
Вкупната енергетска интензивност претставува однос помеѓу вкупно потребната енергија (или вкупната потрошувачка на енергија) со бруто-домашниот производ.
Вкупната потрошувачка на енергија се пресметува како збир на вкупно потребната енергија од: цврсти горива, нафта, природен гас, електрична енергија и обновливи извори.
Во пресметката на индикаторот по години е користен Бруто-домашниот производ -БДП во милиони евра (по тековен курс)
Вкупната потребна енергија (или вкупната потрошувачка на енергија) се изразува во илјади тони еквивалент на нафта, а бруто-домашниот производ во милиони евра.
Индикаторот „Вкупната енергетска интензивност” се изразува во килограми еквивалент на нафта на 1000 евра (kgoe/1000евра).
Исто така, индикаторот се пресметува и во индекси со базна 2000 година (2000=100).
- милиони евра
- илјади тони еквивалент на нафта (ktoe)
- килограми еквивалент на нафта (kgoe)
- индекси (2000=100)
Каква ќе биде динамиката на спроведувањето и имплементирањето на стратешките цели?
Трендот на Енергетската интензивност во Република Македонија забележува пад од 59,1% во 2016 во споредба со 2000 година кое е резултат на порастот на БДП од 137,4% во истата година. Најголем пад на енергетската интензивност во однос на претходната година, од 13,68%, е забележан во 2013 во однос на 2012 година, а најголем пораст за 5,51% во 2002 во однос на 2001 година.
Слика 1. Вкупна енергетска интензивност
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Се забележува константна промена на трендот на вкупна енергетска интензивност од 2000 година до 2016 година, со просечна стапка на опаѓање од 5,3%. Во 2016 во споредба со 2000 годинае забележан пад на енергетската интезнивност од 59,1% како резултат на зголемувањето на БДП од 137,4 во истата година.Најголем пад на енергетската интензивност во однос на претходната година, од 68%, се забележува во 2013 во однос на 2012 година, а најголем пораст од 5,5% во 2002 во однос на 2001 година.
Од временската серија може да се забележи поволен тренд на намалување на eнергетската интензивност.
Компаративната анализа на потрошувачката на енергија во однос на БДП, т.н. индикатор за енергетска интензивност, покажува дека Република Македонија спаѓа во групата на земји со релативно висока потрошувачка на енергија, поради високата енергоинтензивност на капацитетите носители на економскиот раст. Исто така, заради долгорочното третирање на цената на електричната енергија како социјална категорија, во резиденцијалниот сектор значително количество на електрична енергија се користи за греење.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Статистичка методологија за пресметка:
- Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008),
- „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
- Национална класификација на дејности НКД Рев.2 (”Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008).
Листа на релевантни политички документи
- Стратегија за унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија до 2020 година[1]
- Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година[2]
Законска основа
Закон за енергетика, Енергетски биланс на Република Македонија – годишен плански документ со кој се дефинираат потребите од енергија и можностите за нивно обезбедување.
[1]http://www.konkurentnost.mk/StrateskiDokumenti/StrategijazaunapreduvanjenaEERMdo2020godina.pdf [2]http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030.pdf
Целта која треба да се оствари во ЕУ е на 1.000 долари БДП, да се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, аво Република Македонија целта е 0,75 еквивалентни тони енергија. Со имплементација на мерките од стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност тоа би требало да се сведе на 0,45 до 0,49 во 2020 година.
- Eurostat
- ECE/UN
- IEA/OECD
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKНИ 028 | Вкупна енергетска интензивност | CSI 028
EE 23 |
Total energy intensity | Р | Б | енергија | годишно |