
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање,Ане Лашкоска, учествува во македонската делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Г. Сања Божиновска , на неформалниот министерски состанок на Енергетската заедница во Атина, каде, пред 20 години се потпиша Договорот за формирање на Енергетската заедница, кој влезе во сила во јули 2005 год.
Денес, Европската Комисија заедно со уште 9 држави ја сочинуваат Енергетската заедница. Земјите членки на ЕУ можат да имаат статус учесник, но без право на глас.
Со усвојувањето на Договорот за формирање на заедницата, договорните страни се обврзаа за усвојување и спроведување на сите правила на ЕУ во делот на енергетиката (вклучително и обновливитге извори на енергија) и животната средина. Опсегот на работа постојано се зголемува.