Министерот Меџити со нова набавка за Русино – инвестиција од над 1,1 милион евра

Новости
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за набавка на специјална механизација за потребите на регионалната депонија Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.
Министерот Меџити со нова набавка за Русино – инвестиција од над 1,1 милион евра
16.07.2025

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за набавка на специјална механизација за потребите на регионалната депонија Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Со договорот, во вкупна вредност од 1 142 200 евра, ќе се набави комплетна механизација неопходна за модерно и безбедно управување со отпадот – вклучувајќи компактор, товарач, трактор со приколка за вода, камион и резервни делови. Набавката доаѓа како директен одговор на барањето што беше упатено до министерот Меџити за време на неговата неодамнешна теренска посета на депонијата Русино, при што тој веднаш се заложи да се одговори на потребите со конкретна поддршка.

Финансирањето е обезбедено преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со дополнителна поддршка од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Шведската влада преку СИДА (SIDA).

„Оваа набавка претставува важен чекор за воспоставување на функционален, регионален систем за управување со отпадот во Полошкиот регион. Благодарни сме за поддршката од нашите меѓународни партнери, кои со години се наш сојузник во напорите за унапредување на еколошките стандарди“
 - изјави министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на претседателот на Владата, Изет Меџити.

Со обезбедувањето на оваа механизација, депонијата Русино ќе може да функционира по еколошки стандарди, со што значително ќе се подобрат условите за животна средина и здравјето на граѓаните во регионот.

Галерија
Submitted by alfa4 on 16.07.2025 - 16:47