Потпишан договор за изработка на физибилити и еколошка студија за Вардарскиот и Југоисточниот регион

Новости
Денес беше потпишан консултантски договор со кој започнува изработката на Физибилити студија и Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион
Денес беше потпишан консултантски договор со кој започнува изработката на Физибилити студија и Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион
17.07.2025

Скопје, 17 јули 2025 година – Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денес беше потпишан консултантски договор со кој започнува изработката на Физибилити студија и Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион.

Договорот го потпишаа државниот секретар при МЖСПП, Ресми Ејупи, и г. Теофан Лолос, претставник на грчката компанија ЕНВИРОПЛАН.

Проектот е финансиски поддржан со 2 милиони евра, обезбедени со цел воспоставување на модерен и одржлив регионален систем за управување со отпад, усогласен со стандардите на Европската унија и Европската банка за обнова и развој.

„Оваа техничка поддршка претставува темел за понатамошни инвестиции во инфраструктура за управување со отпад и ќе придонесе кон решавање на децениски системски предизвици во секторот,“
- изјави државниот секретар Ејупи. Тој додаде дека проектот вклучува изградба на современа регионална депонија, затворање на постојните несоодветни депонии и воспоставување мрежа на претоварни станици, како и јакнење на институционалните капацитети за поефикасна имплементација на проекти во иднина.
Галерија
Submitted by alfa4 on 17.07.2025 - 15:45