Интерконекторот со Грција е темел за одржлива енергетска иднина

Новости
Започнување на изградбата на гасниот интерконектор со Грција
започнување на изградбата на гасниот интерконектор со Грција
09.07.2025

Неготино, 09.07.2025   Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска присуствуваше и се обрати на церемонијата за започнување на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, стратешки проект за енергетската сигурност и регионалната интеграција на Република Северна Македонија.

Во присуство на претставници од Владата на Република Северна Македонија, делегација од Република Грција, меѓународни партнери и граѓани, на  одбележувањето на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, Меџити истакна дека интерконекторот не претставува само инфраструктурна инвестиција, туку симболизира почеток на ново поглавје за Северна Македонија – поглавје на посигурна, поздрава и поодговорна иднина.

„Со изградбата на овој интерконектор, Северна Македонија испраќа јасна порака дека знае каде оди, со кого се поврзува и каква иднина гради. Ова е инвестиција со реални еколошки придобивки – достапноста до природен гас ќе овозможи заменa на најзагадувачките енергенси, како што се дрвата, мазутот и јагленот, особено во општините каде тие и понатаму се користат,“
– истакна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на настанот.

Со овој проект се овозможува намалување на ПМ-честичките во воздухот,подобрување на јавниот здравствен систем, пониски енергетски трошоци за граѓаните и стопанството и поголема енергетска стабилност на национално и регионално ниво, додаде Меџити.

‘Овој интерконектор е дел од поширока визија што ја води Северна Македонија – визија за современа, интегрирана и отворена држава, која е активен чинител на регионалната стабилност и развој. Истата визија стои зад реализацијата на стратешки проекти како Коридорот 8’
  – изјави Меџити.

 

Галерија
Submitted by alfa4 on 09.07.2025 - 15:52