ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ, Потпишување на грант-договор со ЕБРД
15.07.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерот Меџити на средба со шефот на СЗО Али
14.07.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денеска одржа работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Северна Македонија, д-р Аким Али, и координаторката на процесот, Симона Атанасова, на која беше претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година.
Соопштение
03.07.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година
Соопштение за медиуми
24.06.2025
Ве информираме дека утре, среда, 25 јуни 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во Медиа центарот на Владата, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на една година од формирањето на Владата.