Иницијативата за анализа на капацитетот на локално ниво за спроведување на законите за заштита на животната средина

ZamenikЗаменик министерката Христина Оџаклиеска по состанокoт со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, оствари средба и со заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски во врска со иницијативата за анализа на капацитетот на локално ниво за спроведување на законите за заштита на животната средина.
На средбата се разговараше за анализа на административните капацитети на локално ниво и промена на систематизацијата во општините во областа на заштита на животната средина.
Општините кои немаат доволен административен капацитет за исполнување на работните задачи поврзани со заштита на животната средина, треба да се насочат кон формирање на сектори/одделенија за животна средина, со цел да се одговори на барањата на граѓаните и да ги спроведат законските обврски кои ги имаат на локално ниво.
Иницијативата предвидува во текот на 2021 година и реализација на:
- серија на обуки на локално ниво кои треба да им дадат насоки на административните службеници за спроведување на законските обврски
- изработка на квалитетни програми за животна средина и соодветна распределба на буџетските средства предвидени во областа на животната средина на локално ниво.