Информација во врска со кесите за транспорт на стоки

Законот за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, објавен во Службен весник на Република Македонија бр.6/2012 од 13.01.2012 година, беше донесен со цел да се спречи, односно да се намали штетното влијание врз животната средина предизвикано од прекумерната употреба на пластичните кеси кои претставуваат големо оптоварување на животната средина заради долгогодишниот период на разградување, односно да се заменат со биоразградливи кеси кои се разградуваат за пократок временски период, како и да се допрецизираат одредени одредби за негова поуспешна примена.

Согласно овој закон, забрането е пуштање на пазар на кеси за транспорт на стоки произведени од полимери од етилен, поли (винил хлорид) и/или од други пластични маси, со исклучок на биоразградливите кеси произведени на соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Ја информираме јавноста дека врз основа на овој закон е донесен Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за транспорт на стоки, начинот на пуштање и употреба на биоразградливите кеси за транспорт на стоки на пазар, објавен во Службен весник на Република Македонија бр.19/2013 од 06.02.2013 година.

Правилникот пропишува дека кесите за транспорт на стоки кои се пуштаат и употребуваат на пазар, треба да го исполнат стандардот МКС 1009 Методи за оцена на оксо-биоразградливост на пластика и фито-токсичноста на остатокот во контролирани лабораториски услови, или друг соодветен меѓународно признат стандард.

Во поглед на еколошката токсичност кесите кои се пуштаат и употребуваат на пазар треба да го исполнат стандардот МКС EN 13432, Пакување – Барање за обнова на пакувањето преку компостирање и биодеградација – Шеми за тестирање и критериуми за оцена за крајно прифаќање на пакувањето, или друг соодветен меѓународно признат стандард.

Правилникот исто така прецизира на што се однесуваат стандардите за биоразградливост, а ги посочува и исклучоците на кои не се однесува.

Како други соодветни меѓународно признати стандарди може да се земат предвид следните стандарди: