
Ве информираме дека утре, среда, 25 јуни 2025 година, со почеток во 11:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, заедно со претсетаделот на Владата г. Христијан Мицковски и министерот за здравство, г. Азир Алиу, ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Посетата е организирана по повод завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Клиниката, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти. Меѓу реализираните активности се издвојува и отстранувањето на над 40 тони акумулиран отпад – стар мебел, електронска опрема и медицински инвентар – првпат спроведено во соработка со социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа, кое што согласно еколошките стандарди и лиценца, врши управување со неопасен отпад и стреми кон формализација на неформалмите собирачи.
Овој проект претставува позитивен пример за еколошка одговорност и општествена свест во здравствените институции.
Ве покануваме да го проследите овој настан.
Добредојдени се новинари, сниматели и фоторепортери.
Со почит,