Покана за одржување на Јавна расправа

Врз основа на Законот за заштита на природата (“Службен весник на РМ” бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16) при постапка за донесувањето на плановите за управување со заштитеното подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да организираат јавна расправа. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Вевчани објавуваат:

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

Јавната расправа по Нацрт План за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ ќе се одржи на ден 13.05.2019 година (понеделник) во просториите на големата сала во Општина Вевчани со почеток во 11 часот.

Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ е достапен на јавен увид и на интернет страницата на Општина Вевчани (www.vevcani.gov.mk) како и во канцеларијата на градоначалникот на Општина Вевчани во период од 19.04.2019 до 20.05.2019 година.

Контакт лице:

Општина Вевчани

Менка Кукоска – технички секретар

Тел.: 046/784-640

Е-пошта:  contact@vevcani.gov.mk

Интернет страница: www.vevcani.gov.mk

Преземања: