Информација за одржување на Јавна расправа по Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за “Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија”

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на проектот “Поддршка на Република Македонија за развој на Национален акциски план усогласен со 10-годишната Стратегија на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) и процесот на известување кон Конвенцијата”, кој го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, со финансиска поддршка на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), изработен е Национален акциски план за борба против опустинување во Република Македонија (нацрт верзија) и Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализацијата на Планот (нацрт верзија).

Подготвените документи се достапни за јавен увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и во канцеларијата на контакт лицето за Конвенцијата за борба против опустинувањето (канцеларија бр. 1022) при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа по Нацрт документите на ден 03.05.2018 година (четврток) во просториите на хотел „Буши, ресорт и спа“, ул. „Ќурчиска“ бр. 21 (стара чаршија), Скопје, во 14 часот.

Контакт лице:

Министерство за животна средина и просторнио планирање

бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје

Весна Индова Точко – Раководител на одделение за координација и техничко спроведување на ИПА, Сектор за Европска Унија

бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје,

тел: 076446916;

е-маил: v.indova@moepp.gov.mk