Прекинат праг на алармирање во Битола, престануваатда важат препораките и мерките

Согласно податоците од ДАМСКAВ на ден 21.02.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 163 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола на мерното место Битола 2, со тоа престануваат да важат препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за прекин на важење на мерките до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Битола.