ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Врз основа на член 85-ѕ, став 2 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 192/15, 39/16и 99/18), Министерството за животна средина и просторно планирање распишува:

 

О Г Л А С
ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 

1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање испит за стекнување звање – Експерт за стратегиска оцена на животната средина, треба да ги исполнува следните услови:

-          Да е државјанин на Република Северна Македонија;

-          Да има живеалиште во Република Северна Македонија;

-          Да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС));

-          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната и

-          Да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето во областа на заштитата на животната средина

 

2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање испит за стекнување звање – Експерт за стратегиска оцена на животната средина, треба да ги достави следните документи:

-          Барање за полагање на стручен испит, во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и презиме, број на телефон, е-мејл);

-          Државјанство (оригинал или копија) – за докажување на државјанството;

-          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

-          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

-          Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната

-          Доказ за работно искуство по дипломирањето во областа;

-          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на испитот за стекнување звање – експерт за стратегиска оцена на животната средина – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, број 1210115202631 10,цел на дознака: полагање на испит за СЕА, приходна шифра 718112, програма 1, подпрограма 10.

 

3. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, кат 2.

4. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е до 20.11.2019 година.

5. Првиот дел од испитот се закажува во вторник на 26.11.2019 година од 14.00-16.00 часот.

6. Вториот дел од испитот се закажува во среда на 29.01.2020 година од 15.30-17.00 часот.

7. Програмата за полагање на испитот, како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/PROGRAMA-za-polaganje-na-strucen-ispit-za-steknuvanje-zvanje-Ekspert-za-Strategiska-Ocena.pdf

 

Министерство за животна средина
и просторно планирање