НУРЕДИНИ: Построга регулитива, зајакната контрола, како и воспоставување на систем за регионално управување со отпад ќе ги намалат слабостите на секторот отпад

НУРЕДИНИ Построга регулитива, зајакната контрола, како и воспоставување на системМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, преку видео врска се клучи на јавната дебата на тема „Состојбите во животната средина – управување со отпад“ што се одржа денеска во организација на Државната комисија за спречување на корупција.  Дебатата имаше за цел да се развије дискусија и да се дадат конкретни забелешки за слабостите во секторот, како и да се предложат конкретни решенија. Секторот за отпад е идентификуван како гранка што е исклучително ранлива и подложна на корупција, од причина што претставува многу сложен систем составен од комплексна мрежа од различни организации, партнери и јавни власти.

  • Во овој сектор во изминативе години вложуваме исклучителни напори, пред се во донесување на законска регулатива што пропишува многу построги правила во областа, а со тоа го ограничува незаконското однесување во обаласта и во обезбедување на финансиски средства и реализација на инфраструктурни проекти потребни за функционирање на регионалниот систем за управување со отпад – истакна Нуредини во своето обраќање.   

При тоа Нуредини додаде дека дел од решенијата се вградени во новото законодавство во делот на управување со отпад, во кое се воспоставуваат построги правила за следење на транспортот на отпад, се зголемуваат глобите, се пропишувзта и построги мерки за контрола на субјектите кои управуваат со отпадот и построги мерки за самите создавачи на отпадот (индустријата, институциите и сл.), а се предвидени и можности за поведување управни спорови пред надлежни судови. Со новите закони за отпад се предвидува многу построга контрола на компаниите кои функционираат на принципот проширена одговорност на производителите, преку воведување на задолжителни објави на веб страната на сите документи, извештаи, банкарски гранации и слично.