Нуредини: Мерките за адаптација мора да го вклучуваат и културното и природното наследство

Нуредини Мерките за адаптација мора да го вклучуваат и културното и природното наМинистерот Нуредини, вчера попладне на покана на Грчката Влада учествуваше и се обрати на настанот на високо ниво посветен на заштита на културното и природното наследство од влијанијата на климатските промени  и идните чекори. 

Во своето обраќање Нуредини ги претстави националните студии и напори за конзервација на културното наследство и природните подрачја. При тоа ја истакна неопходноста да се адресираат компонентите на адаптација на еднаков начин и на секторот културно и природно наследство, особено во државите што се препознати како најранливи на климатски промени.  

Зборувајќи за правната регулатива, Нуредини го претстави новиот Закон за климатска акција на кој се работи во нашата држава, при што ја истакна важноста на вклучување на обврска за вградување на климатските аспекти во сите други секторски политики, односно планови и стратегии, важноста да се развие еден Национален план за адаптација, како и издвојување на финансии потребни за имплементација на мерките. 

Земајќи ги предвид прекуграничните ефекти и често споделените локации, Нуредини истакна дека меѓународната соработка треба да се третира како задолжителна. 

„Оттука, драго ми е што овде денес имаме заеднички седници на министри за култура и животна средина или надлежни органи за клима и се надевам дека ова нема да заврши тука со нашите говори на панелите, туку всушност ќе се надоврзе со подобрена комуникација, заедничко планирање, размена на искуства и работа“ рече Нуредини.

На настанот учествуваа 20-тина министри и владини претставници за клима од повеќе држави од светот.