Државниот секретар Шукова на меѓународна конференција на тема „Европската Унија во транзиција“

Државниот секретар Шукова на меѓународна конференција на тема „Европската Унија воДржавниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, учествуваше на меѓународната парламентарна конференција, што, на тема „Европската Унија во транзиција“, се одржа во Цавтат, Република Хрватска.

Во своето обраќање, Шукова истакна дека нашата држава ги поддржува Европскиот зелен договор и Зелената Агенда за одржлива економија, преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и преку праведна транзиција, која е инклузивна за сите.

- Една од нашите централни заложби, е да ги поставиме енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни долгорочни основи базирани на чиста-зелена енергија за да се овозможат услови за одржлив раст на економијата на нашата држава, здрава животна средина и нови работни места. Нашиот нов Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија – рече државниот секретар Шукова.

Акцискиот план, кој произлезе од Европскиот зелен договор треба да ја зајакне ефикасната употреба на ресурсите со преминување во чиста, циркуларна економија, враќање на биодиверзитетот и намалување на загадувањето. Планот ги пропишува сите потребни инвестиции и достапни средства за финансирање, па зелената трансфорамација како таква претставува голем економски потфат кој реално би бил неостварлив за голем број земји. Токму затоа, една од важните цели на овој договор е да се обезбеди безбедна транзиција на посиромашните земји од високо загадувачки во еко- одржливи.