Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

Новости
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Состојбата во Трубарево е под целосна контрола
15.09.2025

Скопје, 15.09.2025 – Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.

Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.

Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста. Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.

Проф. д-р Мираковски посочи дека тимот од лабораторијата АМБИКОН при УГД – Штип веќе поставил мерни станици за мониторинг на квалитетот на воздухот и дека во рок од една недела ќе се добијат првични резултати.

Министерството ќе ја информира јавноста веднаш по добивањето на сите анализи.

Галерија
Submitted by alfa4 on 15.09.2025 - 21:37